Пет чести заблуди за образованието

За да им ја олесни барем малку работата на родителите, порталот Fatherly разбива пет заблуди за образованието со кои често се среќаваме

0
223

Образованието е комплицирана тема. Тоа е мешавина од стари традиции и непроверени идеи. За него одлучува огромен бирократски апарат во кој секој има сопствена претстава за тоа како треба да изгледа образованието. Наводно, сето тоа е добро за нашите деца, но како да не дојде до забуна кога постојат толку спротивставени ставови за образованието?

За да им ја олесни барем малку работата на родителите, порталот Fatherly разбива пет заблуди за образованието со кои често се среќаваме:

На децата им е неопходно претшколско образование

На оваа возраст за децата е најважно да развиваат социјални вештини и да си играат. Научниците не нашле аргументи за одвојување на децата од родителите во овој период само за да се подготват за училиште со учење букви и броеви.

На децата им се неопходни домашни задачи

Повеќе домашни, не значи и повеќе учење. Резултатите од научните истражувања се поделени, но постои согласност дека кај постарите деца постои некоја корист од нив, доека кај помладите постои многу слаба врска помеѓу количината на домашни задачи и успехот на децата. Затоа е во ред што ве нервира кога детето од градинка ќе ви донесе домашна задача. Тоа време може да се искористи на многу подобар начин, на пример, за играње.

Наставниците треба да се прилагодат кон стилот на учење на детето

Идејата дека некои деца учат визуелно а други слушајќи, е мит кој науката одамна го разбила. Децата можат да се прилагодат кон секој облик на учење и не е добро да се инсистира на тоа дека некој од нив подобро им оди.

Приватните училишта се подобри

Родителите сметаат дека една од предностите на приватните училишта е тоа што одделенијата се помали, но поголемите одделенија воопшто не мора да влијаат на успехот на децата. Постојат примери на исклучително успешни одделенија во кои бројот на децата достига и до 45, пред се, благодарение на мотивираните наставници.

Раното алтернативно образование е подобро

Не постојат докази дека Монтесори и Валдорф градинките се подобри за децата. Од нив потекнале навистина многу успешни луѓе, но факт е дека со децении вакви установи посетувале главно деца од повосиките соеви на општетството кои генераллно имаат значајна предност кога е во прашање подоцнежниот успех.

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here