Пет начини на кои ја гушиме детската интуиција

Задачата на родителите, но и на учителите, е да ги поттикнат децата да му веруваат на својот инстинкт во ситуации на опасност, но и на среќа, да ги научат да ги вреднуваат овие чувства со помош на логиката за да им дадат смисла и да им помогнат да ја донесат најдобрата можна одлука.

0
606

Малите деца имаат добро развиена интуиција и во голем број случаи знаат да разликуваат, на пример, искрена и лажна насмевка. Ова чувство е важно не само затоа што им помага да ги препознаваат потенцијално опасните луѓе туку и затоа што им помага да пораснат во емотивно чувствителни луѓе. Освен тоа, интуицијата е тука за да ни покаже кои работи ни се допаѓаат и прават да се чувствуваме добро.
За разлика од децата, возрасните имаат тенденција да и даваат предност на рационалноста и репродукцијата на стереотипите и однесувањата кои ги усвојуваат во текот на растењето. Меѓутоа, најдобро е двата системи да работат со заеднички сили и да не му се дава предност на едното или на другото.
Задачата на родителите, но и на учителите, е да ги поттикнат децата да му веруваат на својот инстинкт во ситуации на опасност, но и на среќа, да ги научат да ги вреднуваат овие чувства со помош на логиката за да им дадат смисла и да им помогнат да ја донесат најдобрата можна одлука. Ова ќе го постигнете ако ги исфрлите овие 5 начини на однесување кои ја гушат детската интуиција:

Ги омаловажувате стравовите што ги чувствува детето
Речениците од типот „не е тоа страшно“, „не треба да се плашиш“ или „премногу си голема за да се плашиш од темница“ нема да го смират детето, напротив, тоа ќе создаде препрека помеѓу детето и неговите родители затоа што прават детето да се чувствува несфатено и да ги крие своите стравови. Стравот е потполно природно чувство, па ако го оцениме како нешто негативно детето ќе се срами од тоа чувство ои полека ќе го загушува својот инстинкт кој го предизвикува со цел на предупредување. Бидете тука за детето за да може да ги подели со вас своите чувства и грижи и така да ви даде можност да го научите како да ги надминете.

Ги терате да ги бакнуваат и гушкаат луѓето
Родителите знаат да ги тераат децата некого да прегрнат или да бакнат иако тие не го сакаат тоа. Повеќето имаат намера да го научат детето на убаво однесување и на љубезност но факт е дека е ова потполно погрешно. Пред се, детето има право да одлучли на кој начин ќе го покаже она што го чувствува и тоа, пред се, зависи од карактерот и од природата на детето. На родителоит му останува да го почитува тоа. Друга работа е дека детето ваквиот начин на поздравување го доживува сосема поинаку од возрасните на кои тоа им е обичен друштвен протокол. За детето прегратката и бакнежот претставуваат љубов.

Запомнете дека ако вашето дете не сака некого да прегрне или да бакне за да покаже дека е културно и љубезно, доволно е да го научите да каже „добар ден“ или „довидување“.

Ги учите дека се возрасните секогаш во право

Родителите ги учат децата да ги почитуваат сите возрасни и има такви кои ги учат дека се возрасните секогаш во право. Но ова може да биде меч со две острици затоа што токму возрасните можат да го повредат детето. Децата можат да се најдат во опасност да доживеат малтретгирања од страна на возрасните и да не кажат ништо мислејќи дека е тоа во ред.
Децата треба да се учат дека секое живо суштетство заслужува почит, но исто така треба да им се објасни дека ако нешто им зборува дека постои опасност, тие не должни да послушаат некого само затоа што е постар.

Ветувате дека секогаш ќе ги штитите
Иако родителите сакаат да ги заштитат своите деца од било која опасност, сепак е тоа невозможна мисија. Освен тоа, не е ни здраво однесување затоа што децата сепак треба да научат да се бранат и да се учат на своите грешки. Ова ветување е и лажно и може да создде лажно чувство на сигурност. На тој начин ниту нивната интуиција нема да предизвика соодветна реакција кога тоа ќе биде потребно. Секако ова не значи дека не треба да го смириме детето кога чувствува страв или дека треба да го изложиме на непотребни ризици, но наша главна задача како родители не е засекогаш да го штитиме детето туку да го учиме како да се штити самото себе.

Не им оставате слободно време
Интуицијата и инстинктот не служат само за да не предупредат на опасности туку и да ни укажат на работи кои не прават среќни и кои не исполнуваат. За жал, брзо го губиме ова „шесто сетило“ за среќа и им се посветуваме на работите „од корист“. Ја губиме способноста да препознаеме што не усреќува секој пат кога „ми се допаѓа“ го заменуваме со зборот „морам“.

Затоа исполнувањето на детскиот распоред со активности кои се наметнати од страна на возрасните, без оставање на доволно слободно време за играње, значи дека го гушиме неговиот инстинкт и го подредуваме на некои друштвени конвенции. Ова ќе ги претвори во личности кои не одлучуваат со своето „јас“ туку го прават она што ќе им го кажат другите, не знаејќи што е тоа што навистина го сакаат или што е она што навистина ги прави среќни.

loading...