Пет необични училишта што навистина постојат

Надвор од рамките на традиционалното образование запознајте се со неколку несекојдневни, по малку бизарни училишта ширум светот.

0
246

Некогаш луѓето измислуваат и прават навистина несекојдневни нешта… некои се убави и корисни, а некои…да речеме, тотално несекојдневни

  1. Училиште за Дедо Мраз, Мичиген /Charles W. Howard Santa Claus School

Ако сакате образование за сезонска работа, можете да го посетувате училиштето за Дедо Мраз (Čarls W. Hauard). Станува збор за најстарото училиште за Дедо Мраз кое е отворено во 1937. година и е посветено на зачувување на оваа традиција. Во ова училиште се посетуваат и часови за правилно облекување и шминкање, за искуства на ТВ и радио, за навиките на ирвасите и за јазикот со знаци на Дедо Мразовците.

  1. Училиште за качување на дрва, Орегон/Tree Climbing Planet

Том Ковар сака да се качува на дрвја па дошол на идеја да ги научи и другите на своите техники. Како мастер инструктор за качување на дрвја, Ковар подучува како се прават соодветни јазли за да може безбедно висејќи да се спие во лежалки на дрвјата, и како внимателно се креваат гранките од дрвјата. Неговите часови се повеќе наменети за професионалци на кои им треба подука за тоа како да се качуваат на дрвја, како на пример, за работници во парковите или за истражувачи на природата

  1. Училиште за гладијатори, Рим

Серџио Јакомони или Неро, како што го викаат во текот на часовите држи училиште за гладијатори во Рим, во кое нуди предавања и часови за идните воини од сите возрасти за да можат да се вклучат во лажната борба на живот и смрт. Учениците учат правилно да ракуваат со штитови и со мечеви.

  1. Училиште за самовили (елфи), Исланд/Álfaskólinn

Околу 50 проценти од Исланѓаните веруваат во митолошки суштества па училиштето им е посветено ним. Сместено е во Рејкјавик и нуди петочасовен забрзан курс кој вклучува обиколка и предавања за 13 типови на овие суштества. Курсот завршува со појадок (палачинки и кафе) и доплома со која станувате официјално експерт.

  1. Училиште за повикување духови (Њујорк)

Оваа организација е посветена на зачувување и толкување на магии и други вештини кои вклучуваат психички феномен, хипноза, коцкање, наука и историја на играње карти, жонглирање…

loading...