ПЕТ СОВЕТИ АКО ИМАТЕ ДЕТЕ КОЕ СЕ РАСПРАВА

0
1292

Сакам кога детето има свое мислење. Почитувам дете кое размислува за се, кое не е исплашено да го изнесе своето мислење. Тоа се храбри деца и многу е забавно да се биде во нивнот друштво.

Има многу позитивни работи кога станува збор за овие деца. Нивните убедувања се обично потврдени. Тие обично растат во одлични лидери.

Но, ваквите деца се склони кон расправии. И додека е во прашање здрава доза на расправија тоа е во ред, но деца кои се расправаат цело време…? Тоа мошне може да излуди, зарем не?

Ние имаме едно такво дете дома. И јас сум прва која вели дека постои „маѓија“ во тие тврдоглави деца, но тие ситуации често можат да завршат со фрустрација.

Ако ваквото дете го прашате да ги измие забите, ќе каже: „Во ред, но не можам додека не завршам…“

Ако му кажете да ја среди собата, ќе ви каже: „Но, прво морам да…“
Ако му понудите хокеј, ќе кажe: „Но, јас сакам да одам на лизгање.“

За да го тестираме, велиме дека небото е сино, само за да го слушнеме како тврди дека тоа е некоја друга нијанса. Тој секогаш контрира. И тоа е забавно, но не секогаш.

Мојот сопруг и јас сакаме да пораснеме дете кое е независно, способно да размислува само за себе. Исто така сакаме да воспитуваме дете кое ги разбира и почитува авторитетите, и кое умее да биде и понизно. И ние работиме на тоа да го научиме нашиот син да размислува со својата глава, но и да не почитува. И дека се додека е во нашата куќа… слуша без да се расправа.

Мошне сум сигурна дека не сме единствени кои имаат дете кое толку сака да се расправа, и мислев дека би било корисно да го споделиме совети до кои дојдовме.

Овие совети ќе ви помогнат во деновите кога ви е потребно малку повеќе мир дома.

1. ОСТАНЕТЕ ПОЗИТИВНИ

Ако имате дете склоно кон расправање, потсетете се себеси дека постојат многу позитивни страни на таквиот карактер. Тој или таа веројатно ќе израснат во силни лидери, и ќе направат прекрасни работи.

2. ЗБОРУВАЈТЕ ЗА ТОА!

Зборувајте со својот син или ќерка за условите. Треба да бидат сигурни дека расправањето со нивните родители не е прифатено. Кажете им дека, дури иако се сигурни дека тие се во право, треба да покажат почитување. Вие сте негов родител и тие мора да го послушаат она што вие ќе го кажете. Ова се однесува на нив и кога имаат седум и кога имаат 17 години. Постои место на расправање, но генерално правило е дека мора да послушат и да покажат почитување. Ова правило само по себе може да избегне доста расправии и преиспитување на самиот себе.

3. ОВОЗМОЖЕТЕ ПРАВО НА ЖАЛБА

Понудете му на своете дете можност да „поднесе жалба“. Тоа е лек за оние кои се склони кон расправање, а на детето ќе му биде полесно да се „гризне“ за јазик кога едноставно „умира“ од желба за да ви се спротистави. Дајте му шанса да размисли за работите, и тогаш кога е прилика за тоа – сослушајте го. Детето мора да почувствува дека сакате да го слушнете, и дека и неговото мислење е важно. Тоа ќе се чувствува сигурно ако увиди дека постои фер систем.

4. ПРИМЕНЕТЕ САНКЦИИ АКО ПРОДОЛЖИ СО КАВГИТЕ

Оние на кои им е навика да се расправаат нема лесно да се откажат. Така што, мудро е ако тоа го очекувате, и сте подготвени за моментот кога тоа ќе се случи. Препорачувам да користите една до две последици за кои вашето дете ќе знае да ги очекува ако се обидува да ви се спротистави. Можете да му дадете предупредување. Тогаш: дајте му ја очекуваната последица со насмевка, но со силен став. Тоа може да биде одземање на некоја привилегија, или давање некоја дополнителна работа. Потсетувајте го на тоа. Секој пат. Нека последиците бидат негативни дотолку така што возбудувањето околу расправањето ќе престане.

5. НАГРАДЕТЕ ЈА ПОСЛУШНОСТА

Воочете ги позитивните страни. Воочете кога вашето дете веднаш ќе послуша. Ако му кажете колку многу тоа вам ви помага, и колку ја цените неговата соработка, тоа ќе го поттикне тоа да го прави уште повеќе. Кога ќе го спознаат мирот и слогата која послушноста ги донесува, можеби ќе сакаат да изградат нови навики. И можеби тие нови навики ќе бидат уште послатки од постоечките.