Писменоста на македонските ученици е под меѓународните стандарди

Меѓу причините за лошите резултати на македонските ученици, меѓудругите, беа посочени и наставниците кои не им посветуваат доволно внимание и, според Викторија Димитровска од Фондацијата „чекор по чекор“, честопати, во контекст на забелешките за нивната работа знаат да кажат: „За 20 илјади, толку“.

0
816

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ денеска ги презентираше резултатите од националната студија за процена на почетната состојба со јазичната и математичката писменост кај учениците од почетните одделенија од основните училишта во Република Македонија.

„Резултатите од националната студија за процена на почетната состојба со јазична и математичка писменост кај учениците од почетните одделенија од основните училишта во Македонија зборуваат за сериозни проблеми и ниско ниво на читање со разбирање и математичка писменост. Потребни се промени за постигнување на квалитетно образование, а тие промени ќе станат реалност со планираната ревизија на наставните програми“, рече министерката за образование Рената Десковска во своето обраќање.
Министерката изрази благодарност за оваа голема и исклучително значајна анализа која била спроведена со 8000 ученици, а во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Резултатите од оваа студија покажуваат дека учениците на ниту еден наставен јазик не го постигнуваат меѓународниот стандард да можат да одговорат на 80 отсто од поставените прашања, а вештините за течно читање на краток текст и разбирање на прочитаното не се добро рзавиени. Резултатите на учениците со попреченост се уште позагрижувачки, бидејќи тие многу заостануваат зад своите врсници и се соочуваат со сериозни проблеми.

Инаку, инструментите на УСАИД за мерење на постигањата по јазична и математичка писменост, ЕГРА (Early Grade Reading Assessment) и ЕГМА (Early Grade Math Assessment) за првпат се спроведуваат во нашата држава. Овие инструменти даваат јасна слика за постигањата на учениците по јазична и математичка писменост и поттикнуваат дијалог за унапредување на воспитно-образовната работа во училиштата. Инструментите се прилагодени на локалниот контекст, на македонски и
албански јазик, во соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар.
Резултатите добиени со примена на овие инструменти можат да послужат за подготовка на стандарди за почетните вештини по мајчин јазик и математика кај учениците во нашата држава, со што ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на образованието во нашата земја. Меѓу причините за лошите резултати на македонските ученици, освен образованието на родителите, посетувањето на градинка, поседувањето на книги, читањето во домот, беа посочени и наставниците кои, како што рече Викторија Димитровска од Фондацијата „чекор по чекор“, честопати, во контекст на забелешките за нивната работа знаат да кажат: „За 20 илјади, толку“.
Димитровска повика на професионален развој и обуки кои на наставниците и претставниците од образовните институции ќе им нудат можност за развивање на капацитетите за оцена на постигањата на учениците по мајчин јазик и математика и користење интерактивни методи и активности за работа со учениците кои ја стимулираат јазичната и математичката писменост.
„Во рамки на училишните заедници ќе се идентификуваат наставници-лидери кои применуваат иновативни наставни практики и кои ќе можат да нудат поддршка и позитивни примери за добра наставна практика по мајчин јазик и математика“, велат од Фондацијата.
Имено, според Димитровска, во многу училишта се толерираат наставници кои не ја извршуваат добро својата воспитно-образовна дејност и со тоа уништуваат цели генерации деца.
Во Македонија се уште доминантни се традиционалните методи на настави каде наставникот е пренесувач на знаењето, а ученикот е пасивен примател и тоа мора да се смени затоа што, како што рече Димитровска, „нашето образование денес, е слика на нашата економија утре, па децата, за да бидат функционални, наместо факти треба да се научат да го применат своето знаење“.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here