Помогнете му на својот тинејџер да изгради самодоверба

Применете ги советите на експертите за детето да ви израсне во одговорна и сигурна личност

0
186

Пофалете го она што ви се допаѓа во изгледот на вашиот тинејџер – на пример, фризурата или стилот на облекување. Детето така ќе осети дека го поддржувате.

Никогаш не велете: „Изгледаш смешно!“ Искинати фармерки или претерано исцртани очи со ајлајнер веројатно не се ваш стил. Но остра критика може да предизвика чести кавги меѓу вас и детето. Освен тоа, следува и пад на самодовербата, лош успех на училиште и непримерно однесување на вашиот тинејџер.

Секогаш речете: „Ти си за мене посебен/посебна!“ Така кај детето ќе ја поттикнете неговата индивидуалност и оригиналност. Зашто, сакате тоа да биде сигурно во себе и без комплекси.

Никогаш не велете: Зарем не можеш да се огледаш на брат ти/сестра ти?“Не споредувајте го детето со неговиот брат/сестра или со другарите, зашто тоа, без сомнение, ќе му ја наруши самодовербата. Тоа со време може да развие чувство дека никогаш нема да успее да ги задоволи вашите критериуми.

Секогаш речете: „Те сакам!“Децата на секоја возраст, па и тинејџерите, треба да почувствуваат безусловна родителска љубов.
Нивната самодоверба може да се јакне само во опкружување во кое се чувствува љубов, заштита и сигурност.

Никогаш не велете: „Те сакам, ама не ми се допаѓа каков/каква си!“
Оспорувањето на личноста на вашето дете може да влијае разорно за неговата самодоверба.
Бидете совршено јасни во искажувањето на она што го чувствувате и мислите. Ако критикувате, тогаш прецизирајте дека не ви се допаѓа неговото однесување, а не неговата личност.

 

loading...