Речиси 1,4 милиони деца би можеле да умрат од глад оваа година

Првпат после шест години во една земја е прогласена глад. Станува збор за Јужен Судан, а ОН предупредуваат дека околу 100.000 луѓе заради војната и економијата во распад се соочени со глад.

0
107

Речиси 1,4 милиони деца би можеле оваа година да умрат од глад во Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен, објавува УНИЦЕФ.

Според Светската програма за храна и според ОН, уште еден милион луѓе се на работ од глад. Од ОН додаваат дека е потребна итна хуманитарна помош за да не дојде до ескалација на катастрофата.

Во опасност се и Јемен, Сомалија и Нигерија

Ова е првпат после шест години во една земја да се прогласи глад, последен пат тоа било во 2011.година во Сомалија, кадешто околу 250.000 луѓе починале од глад.

ОН предупредуваат и на други три земји кои се во опасност од глад, а тоа се Јемен, Сомалија и Нигерија. Гладот во Сомалија била последица од тригодишната војна која ги уништила сите надежи за просперитет на таа земја, пишува The Guardian.

Војната и распадот на економијата главни виновници

Производството на храна во Јужен Судан е уништено во бранот на насилство минатата година, до кое дошло заради инфлацијата од 800 отсто годишно. Неуспехот на пазарот го довеле народот на Јужен Судан во ситуација во која не се во состојба да ги купат основните намирници заради превисоките цени. УНИЦЕФ проценил дека акутна неисхранетост им се заканува дури на 207.000 деца, додека повеќе од милион од нив се веќе акутно неисхранети.

Директорот на УНИЦЕФ Антони Лејк повикал побрзо да почне да се делува.

„Се уште можеме да спасиме бројни животи“, предупредил тој.

[better-ads type='banner' banner='999' ]