Поттикнувањето на детето на ризик има предност за развојот

Новото истражување ги открива сите предности на поттикнувањето на ризикувањето и предизвиците кај децата од предучилишта возраст, во споредба со презаштитувањето.

0
82

Дали некогаш сте го гледале своето дете на игралиште, сте виделе како речиси се спрепнало преку некоја испакнатина, речиси се удрило со полна брзина во друго дете или се качувало по реквизитите, а вие сте си помислиле: „Само да не мора да викаме брза помош!“

Изгледа дека ваквите потенцијално ризични ситуации се всушност добри за децата. Новото истражување открило дека поттикнувањето на детето на ризик помага да се намалат шансите од развивање на напнатост и тескоба во детството.

Истражувачите од Австралија, Холандија и Велика Британија проучувале 312 деца од градинка за да видат какво влијание на детето имаат родителите доколку поттикнуваат „сигурно ризикување“ па откриле дека таквите деца помалку покажувале симптоми на тескоба од децата кои не биле поттикнувани на ризични ситуации, туку, напротив, биле заштитувани од истите.

Повеќето родители веројатно мислат дека нивните малечки немаат проблем со тоа да се предизвикуваат сами себе на ризици па се грижат што сѐ би можело да се случи ако и тие самите ги поттикнуваат на предизвици и ризици. Но истражувачите разјасниле дека под ризикување не се мисли на „животно загрозувачки ситуации“ туку на „безбедно ризикување“, кое вклучува учествување во груби игри, дозволување да бидат поразени во друштвените игри, како и поттикнување на вежбите за аргументирање и самодоверба во непознати ситуации.

Ова истражување има важна порака: Ако ги поттикнуваме децата на ризикување и им покажуваме дека ќе преживеат и ќе биде сѐ во ред – тие навистина ќе имаат помалку причини за развивање на напнатост во однос на светот подоцна кога ќе пораснат.

Ако им кажеме на нашите деца од предучилишна возраст слободно да се качат до врвот на реквизитот во паркот, ако им дозволиме да ја почувствуваат возбудата од ризикот, всушност ќе им дозволиме да откријат дека се способни за многу повеќе отколку што мислеле.

Ако им дозволиме понекогаш да си играат грубо со своите браќа, ќе научат дека животот понекогаш не е толку едноставен и дека од време на време ќе ги спушти на земја, дека понекогаш ќе изгубат и дека понекогаш нема да биде по нивно.

Ниту една од тие работи не е пријатна, но исто така и не е крај на светот.
Колку и да е тешко да ги ставаме децата во ситуации кои се за нив разочарувачки, она што ќе го добијат од тие искуства е скапоцено, и со нив децата ќе стекнат самодоверба, но и смаостојност која можеби дотогаш ја немале.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here