Практичен изум на една мајка: Како да му дадете на бебето лек без мака?

Да му се даде на мало дете сируп е вистински предизвик, но оваа мајка нашла решение.

0
2893

Хелена Ли е мајка и медицинска сестра од Велика Британија која го споделила на Фејсбук своето искуство во врска со давањето лек на бебето. Имено, таа се пожалила дека 24 часа се мачела нејзиното дете да го испие сирупот затоа што бебето секој пат успевало да го исплука лекот.

Меѓутоа, на крајот Хелена успеала да најде решение, а нејзиниот „изум“ ги воодушевил родителите ширум светот. Таа го ставила лекот во шприц, а шприцот го ставила во цуцлата на шишенцето и така конечно успеала да му го даде сирупот.

 

loading...