Препознајте ги знаците за воспаление на слепото црево

Болката поврзана со слепото црево обично почнува околу папокот.

0
2704

Повеќето родители барем еднаш слушнале некоја грозна приказна за дете чијашто болка во стомакот завршила како воспаление на слепото црево, итно одење на ургентно и операција. Воспалението на слепото црево може да биде опасно по живот и бара моментална екарска помош. Не треба да паничите аш секогаш кога детето ќе го заболи стомак, но добро е да се знае кои се знаците за воспаление на слепото црево.

Слепото црево е мал орган кој се отвара кон дебелото црево. Ако е отворот кон дебелото црево блокиран, слепото црево се затнува и отекува. Таквото слепо црево е плодно тло за бактериска инфекција која може да предизвика сериозни проблеми ако органот пукне и бактеријата се рашири низ телото. Воспаленијата на слепо црево се најчести кај тинејџерите на возраст од 11 до 20 години. Но и мало дете може да заработи воспаление на слепото црево и токму кај децата помлади од 5 години е најчесто нивното прскање.

Генерално, болката поврзана со сепото црево обино почнува околу папокот. Како што станува поинтензивна се преместува на доната десна страна од абдоменот. Прашајте го детето да покаже каде е најсилна болката за да одредите дали станува збор за воспаление на слепото црево. Кај малите деца воспалението на слепото црево обично се манифестира како силна болка во стомакот проследена со повраќање. Кај маото дете стомакот мое да биде тврд на допир, натечен ии надуен. Пеените кај детето можат да ви го дадат одговорот: пролив помешан со слуз или знаците за често уринирање можат да бидат симптоми за воспаление на слепото црево, како и ниската температура.

Лекувањето на воспалението на слепото црево е всушност неговото хируршко отстранување. Операцијата главно трае помалку од еден час, вклучува отстранување на слепото црево кај детето и извлекување на течноста околу шуплината за да се спречи инфекцијата. На малите деца обично им треба една недела за да се опорават од операцијата и три недели одмор пред вообичаените физички активности.

Ако вашето дете покаува знаци на воспаление на сепото црево, но вие не сте сигурни, побарајте лекарска помош. Дури и лекарите понекогаш имаат проблеми со дијагнозата. Ќе го измерат стомакот на детето, ќе направат тестови на крвта и урината како и рентген за да утврдат дали станува збор за воспаление на слепото црево.

Ако вашето дете има висока температура и се али на болка во цеиот стомак, тоа може да значи дека слепото црево пукнало. Веднаш побарајте лекарска помош. На вашето дете во секој сучај ќе треба да му се отстрани слепото црево, но во ваков случај ќе му треба и терапија со антибиотици за да се спречи инфекцијата.

loading...