Причината за аутизам можеби се крие во сосема друг дел од телото

Денеска терапијата за аутизам се сведува главно на бихејвиорална терапија. Меѓутоа, наскоро можеби навистина ќе доаѓа во облик на пробиотици.

0
1906

Познато е дека стресот може да предизвика стомачни проблеми, но се случува и обратното – проблемите во стомакот можат да влијаат на мозокот.

Оваа двосмерна врска е можеби клучот за решавање на една од најголемите мистерии на медицината – аутизмот. Шеесет години по откривањето на ова пореметување, бројот на случаи вртоглаво се зголемил и Обединетите Нации проценуваат дека околу 70 милиони луѓе ширум светот имаат пореметување од аутистичниот спектар. Наспроти тоа, и натаму не се знаат ниту причината ниту лекот.

Но научниците доаѓаат до ветувачки откритија. Истражувањето покажало драстични разлики во билионите цревни бактерии, односно, микробиомот помеѓу децата со аутизам и оние без него. Згора на тоа, научниците од Калифорнискиот техолошки универзитет докажале дека поинаквиот бактериски состав навистина има влијание на аутизмот. Имено, во експериментот на глувци утврдиле дека терапијата со пробиотици ги ублажува симптомите и веќе планираат клинички испитувања на луѓе.

Истражувањето покажало дека постојат драстични разлики во билионите цревни бактерии, односно микробиомот помеѓу децата со аутизам и оние без него.

Денеска терапијата за аутизам се сведува главно на бихејвиорална терапија. Меѓутоа, наскоро можеби навистина ќе доаѓа во облик на пробиотици – живи, корисни бактерии како оние од јогуртот. „Ако го решите стомачниот проблем, можете да ги лекувате симптомите во однесувањето“, вели Пол Патерсон, професор по биологија на Калифорнискиот техолошки универзитет.

Гастроинтестиналните проблеми се вообичаени кај децата со аутизам и се проценува дека од нив страдаат дури 90% аутистични деца. Тие имаат 3.5 пати повеќе шанси да страдаат од хронични дијареи или запеци во однос на здравите деца.

Следејќи ја оваа трага, научниците од Државниот универзитет во Аризона ги анализирале цревните бактерии во примероците на столиците кај децата со аутизам и без него. Воочиле дека аутистичните деца имаат многу помалку видови бактерии во цревата, што веројатно ги прави поподложни на патогените кои ја предизвикуваат болеста. И други студии ги потврдиле огромните разлики помеѓу микробиомите на здравите и аутистичните деца.

Како бактериите влијаат на однесувањето?

Но, дали е баш микробиомот одговорен за аутизмот? За да го дознаат тоа, научниците од Калиформискиот техолошки универзитет се воделе од резултатите на претходните студии кои покажале дека жените кои ќе прележат грип во бременоста имаат двојно поголеми шанси  да родат дете со аутизам. Затоа на гравидните лабораториски глувци им вбризгале симулатор на вируси и добиле малечки со симптоми слични на оние на аутизам. Бебињата глувци страдале од т.н. пропустливи црева што значи дека молекулите кои произведуваат цревни бактерии влегувале во крвта и веројатно во мозокот, што се случува и кај децата со аутизам.

Како бактериите воопшто влијаеле на однесувањето: За да го утврдат тоа научниците ја анализирале крвта на глувците. Кај оние со „аутизам“, крвта содржела 46 пати повеќе 4EPS, молекули кои произведуваат цревни бактерии и кои во крвта продреле од цревата. Кога на здравите глувци им вбризгувале 4EPS, тие почнувале да се однесуваат анксиозно. И кај луѓето со аутизам се откриени покачени концентрации на слична молекула.

Потоа научниците во храната на глувците уфрлиле B. fragilis, пробиотик за кој се знае дека ги ублажува проблемите со варењето кај глувците – а резултатите биле фрапантни.

За пет недели, пропустливите црева на „аутистичните“ глувци зацелиле, а нивото на 4EPS во крвта драстично опаднало. Биле послични на здрави глувци, и однатре и однадвор – не само што микробиомот им бил посличен на здравите глувци, туку станале и помалку анксиони и престанале да искажуваат репетитивни однесувања. Станале и покумуникативни.

Сепак, лекуваните глувци и натаму не биле подготвени за контакт ако во кафезот им се уфрлел нов глушец, што покажува дека постојат и граници на делувањето на пробиотиците, и веројатно тие ќе мораат да бидат дополнети и со други терапии. Можно е дека пробитиците ќе им помагаат само на оние пациенти кои имаат стомачни проблеми, а дури клиничките студии ќе покажат колку е овој начин на лекување применлив на луѓе.

Во секој случај, научниците не смеат да ја потценат моќта на бактериите во лекувањето на аутизмот, вели Џон Крајен, професор по анатомија и неуронаука од универзитетот Корк. „Имате килограм микроби во цревата кој е еднакво важен како и килограмот нерви во вашиот мозок, и затоа мораме многу подобро да ги истражиме микробите на аутистичните деца“, вели тој.

За луѓето со аутизам и нивните семејства, дури и дополнителната терапија за дел од пациентите е веќе голем чекор напред. Затоа што покажува дека со промената на цревната флора може да се влијае на симптомите на пореметувањето за кое се веруваше дека нема лек.

[better-ads type='banner' banner='999' ]