Прирачник за новопечени родители

Патронажните сестри ќе го поделат Водичот за родители изработен со финансиска поддршка од УНИЦЕФ на родителите на сите новородени деца во земјата при својата прва посета.

0
1917

Денеска, на меѓународниот ден на акушерките, во „Холидеј Ин“, заменик претставникот на УНИЦЕФ Елспет Ериксон и претседателката на Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари на Република Македонија, Велка Лукиќ, го претставија првиот водич за родители на деца од 0 до 3 години.

Овој водич е изработен во соработка со Министерството за здравство, Здружението на педијатри, Здружението на неонатолози и Здравствен дом – Скопје со поддршка од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Родител се станува природно – но да се биде добар родител треба знаење.  Водичот за родители содржи совети и информации за се што треба да знае еден родител за најважните аспекти на здравјето, растот и развојот вклучувајќи правилна исхрана и доење, календар на имунизација, дијаграми на раст во висина и тежина, орално здравје, безбедност на детето и стимулација на менталните, физички, социјални и емоционални вештини.

Патронажните сестри ќе го поделат овој Водич за родители на родителите на сите новородени деца во земјата при својата прва посета и ќе им помогнат на родителите што подобро да го користат за да можат да го мерат растот и развојот на своето дете.  Исто така патронажните сестри ќе можат да го следат целосниот развој на бебињата и на малите деца,  да идентификуваат рани знаци на развојни тешкотии и да обезбедат поддршка за родителите и семејствата.

Со помош на овој прирачник сите родители ќе добијат можност да го прават најдоброто што можат во грижата за своите деца.

Водичот за родители можете да го симнете на овој линк.

loading...