Природна новогодишна елка во домот: Убава, но опасна

Дали знаете дека со елката во нашиот дом можат да стигнат и 53 видови на мувла?

0
204

Иако алергиите најчесто се јаввуваат во пролет и во есен, симболите на претстојните празници, како декорациите или новогодишните елки, можат исто така да поттикнат алергиски реакции.

Повеќето исечени стебла стојат по стоваришта барем две недели пред продажбата, честопати во влажни простории, што го поттикнува растот на спорите. Кога ќе го внесеме дрвото во топлата средина во домот, увлата незапирливо расте. Токму таа може да биде виновник за кожни осипи и кивање кај оние кои ќе го допрат или подолго време престојуваат во просторијата во која е поставена елката. Соковите и смолата содржат и други материи кои можат да ја иритираат слузницата.

Што да направите?

За да ги избегнете несаканите реакции, направете го следното:

Ако можете, пред да го внесете дома, „истуширајте“ го дрвото и оставете го да се исуши

Послужете се со фен ии со праввосмукалка и усисајте ја сета нечистотија од дрвото.

Кога еднаш ќе го сместите дрцето во својот дом, иако тоа можеби не ви е навика во зимскиот период од годината, редовно проветрувајте ја просторијата во која се наоѓа и потрудете се нивото на влага во воздухот да биде што пониска.

Ако ви е тешко да поверувате дека едно вакво невино дрце може да биде толку опасно, можеби ќе ве интересира тоа што во 1970. Др.Дерек М.Вајс во списанието Canadian Medical Association објавил студија под наслов „Алергија на божикно дрвце: мувла и полен. Открил дека кај околу 7 отсто алергичари симптомите се влошуваат кога дома ќе и стаса елката. Но проучуваји ги стеблата во домовите открил дека видовите мувла многу се разликуваат.

Најобемното истражување било објавено пред 6 години, 2011.година, кога доктор Лоренс Е.Курландскин со својот тим ги објавил резултатите на студијата во која се анализирани 28 новогодишни четинари. Резултатите ги изненадиле сите – откриле 53 разлини видови мувла, а 70 отсто од нив биле потенцијално штетни за нашето здравје.

Но, божикното дрвце не е единственото кое може наеднаш да предизвика алергиска реакција. Понекогаш мувла може да се појави и на украсите, сијаличките и венчињата кои обично во текот на годината ги чуваме на некое темно место кадешто собираат прашина. Затоа, пред да ги закачите, пребришете ги со влажна крпа, а тоа повторете го и пред да ги спакувате повторно во кутија. Ако е можно, украсите чувајте ги во пластична кутија со капак во која нема да влегува воздух и чувајте ги на суво место.

Имајте предвид и дека миризливите свеќи и снегот во спреј содржат хеикалии кои ги иритираат дишниот и нервниот систем, па ако баш морате, користете ги умерено.

loading...