Првородените деца, поинтелигентни од своите браќа и сестри?!

Ако сте второ, трето или можеби четврто или петто дете во семејството, оваа информација веројатно нема да ви се допадне

0
349

Научниците од Универзитетот во Единбург откриле дека првородените деца се поинтелигентни од помладите браќа и сестри.

Во своето долгогодишно и меѓународно истражување, истражувачите на универзитетот во Единбург набљудувале околу 5 илјади деца од раѓањето до нивната 14.година од животот. Сите субјекти на истражувањето, односно, деца, морале секои две години да поминат низ тестирања, како писмени, така и усни. Резултатот што е добиен зборува дека когнитивните способности на првородените деца биле подобро развиени отколку кај нивните помлади сестри и браќа.

Заклучоците од студијата се дека постојат јасни врски помеѓу раѓањето и интелигенцијата. Причина за тоа е што родителите во работните денови на своите првородени деца им посветуваат повеќе внимание и време. Си играат со нив, им читаат и им даваат повеќе задачи кои ги поттикнуваат интелектуалните способности.

Но тоа не е се! Станало јасно дека првородените деца се поодговорни, посовесни и подоминантни и потешко е да бидат заплашени. Меѓутоа, помладите браќа и сестри можат да здивнат, затоа што според истражувањето, коефициентот на нивната интелигенција е само незначително помал од оној на најстарото дете во семејството.

loading...