Психолозите предупредуваат: Цртаниот „Маша и мечето“ најштетен за децата

Руските психолози спровеле истражување со кое утврдиле кои цртани филмови делуваат најопасно врз психата на децата

0
850

Според истражувањето на руските психолози, на прво место како најштетен цртан филм за психата на децата е цртаниот „Маша и мечето“. Во објаснувањето се наведува дека главниот јунак во цртаниот, Маша, се однесува лошо – прави пакости, прави гестикулации. Научниците велат дека тоа лошо ќе се одрази врз децата кои можат да помислат дека таквото однесување е нормално. Овој цртан филм е популарен не само во Русија, туку и во Велика Британија, Германија, Индонезија, на Блискиот Исток, но и кај нас и во соседните земји. Популарноста на девојчето Маша во муслиманскиот свет е поврзана со тоа што таа на нејзината глава носи марама, стои во истражувањето.
Американскиот цртан филм „Monster High“ го освоил второто место на ранг-листата. Психолозите сметаат дека вокабуларот на ликовите од цртаните филмови може да ги расипе децата.
Цртаниот филм „Сунѓерот Боб“ го зазел третото место на листата затоа што главниот лик е премногу себичен и постојано ги критикува возрасните.
На четврто место е американскиот класик „Том и Џери“. Стручњаците сметаат дека главните ликови се однесуваат недолично.

loading...