Реакција на една мајка на првиот контакт на нејзиното аутистично дете

Ова е фотографијата на една мајка на аутистично дете која до тој момент видела само безуспешни обиди за било каков контакт на нејзиниот син со неа или со некое друго живо суштество

0
258

Оваа фотографија ја споделила на интернет Шана Нихаус, мајка на петгодишниот Каиноуа. Нејзиното објаснување е многу објаснување и поучно:

„Никогаш не сум доживеала ништо слично. Вчера, мојот петгодишен сиун кој има аутизам првпат се сретна со своето куче Торнадо, кое е специјално тренирано за помош на децата со аутизам. Ние сме Американци, но живееме во Јапонија ио за средбата со Торнадо се подготвуваме две години“.

На оваа фотогртафија мајката гледа со неверување во своето дете кое самата никогаш не може да го чпрегрне, да го погали или барем да го допре. Детето сега своеволно се потпрело на своето куче, изразувајќи смиреност и опуштеност. Досега оваа мајка видела само безуспешни обиди нејзиниот син да воспостави контаклт со другите деца на игралиштето, да најде макар еден другар. Таа со месеци седела покрај својот син додека тој плачел затоа што нема никого надвор од семејството. Без оглед на бројните обиди да воспостави однос со терапевтот, ништо не можело да го смени неговиот свет. А сега таа седи зад својот син и немо го гледа овој призор и овој посебен момент.

„Овој момент е вреден за сите борби за специјалните услуги за мојот син, сите дијагнози, секој потрошен долар, секој пополнет формулар, сите пролиени солзи, секој чекор напред и секој чекор назад. Толку често го гледав мојот син како преживува тешки и болни моменти, и самата поради тоа плачев уште повеќе. Но вчера плачев од среќа“.

Тешко е да се замисли што чувствува една мајка која не може да го прегрне својот син затоа што секој допир кај него може да предизвика излив на паника. Децата со аутизам исклучително тешко контактираат со другите, затоа во некои случаи им помагаат кучињата кои се за тоа специјално обучени. Тие можат да го смкират детето кога има напад на паника, внимаваат на нив и им даваат знак на родителите кога е неопходна нивната помош. Кучињата и онака имаат специјален однос кон луѓето па така и на децата со аутизам им е полесно да најдат заеднички јазик со нив. Аутизмот не е болест, туку специфичност во развојот. Не се лечи со лекјовиу, но кучињата можат да помогнат дел од тие тешкотии да бидат соивладани. Нивната приврзаност, верност, пожртвуваност и разиграбност можат да направат многу за тоа децата со аутизам да воспостават контакт со светот кој ги опкружува.

loading...