Родители одлучиле да тетовираат едногодишно дете за да му го спасат животот?!

На интернет веќе се водат полемики дали е нивната идеја оправдана или не, со оглед на тоа што нивниот мотив е далеку од естетски

0
1136

Таткото на едногодишните близнаци Арон и Адам се пожалил на еден родителски форум на интернет дека размислува за трајна тетоважа за еден од близнаците.

Имено, Арон е болен и секојдневно пие лекови без кои не може да живее. Бидејќи тој и неговото братче си личат како јајце на јајце, па дури ниту родителите не можат да ги распознаат, тие одлучиле да го одбележат Адам со точка мастило на стапалото за цел живот и засекогаш да знаат кому треба да му го дадат лекот.

Одлуката ја донесле откако се случило бабата на која децата ѝ биле оставени на чување, да згреши и лекот да му го даде на Адам, наместо на Арон па овој завршил во болница.

Дотогаш родителите го обележувале рачето на Адам со фломастер но кога бабата ги избањала, се измил и фломастерот. Бабата мислела дека го „погодила“ вистинското внуче на кое треба да му даде лек, но згрешила па малиот Арон завршил во болница затоа што не го добил навреме својот лек.

За да се повтори ова, родителите одлучиле на малиот Адам да му истетовираат мала точка, а кога проговориле за тоа јавно, добиле еден куп критики. Секако, не од сите. Некои родители ги поддржале со оглед на тоа станува збор за прашање важно за животот на детето, но другите немале разбирање. Тие сметаат дека е несфатливо како може родителите да не ги распознаваат своите деца, но и дека е тоа болна метода и е целосно неоправдана.

Што мислите вие за ова?

loading...