Родителите во Австрија мислат дека имаат право на детето да му удрат шлаканица!

Доколку примената на сила се одвива во семејството тоа се смета за легитимна мерка на воспитување - појасни Велфл.

0
283

Австријците сакаат построги закони и казни за насилство врз децата, но сепак две третини од нив сметаат дека шлаканицата е прифатлива како воспитна мерка.

Испитувањето покажало дека многу луѓе не се сосема сигурни кога воопшто почнува насилството врз децата. Така, 95 отсто отсто сметаат дека „ќотекот од таткото“ е јасно насилство, но само 34 отсто сметаат дека „благата“ шлаканица е насилен акт, покажа истражувањето институтот „Галуп“.

– Тоа значи дека многумина го поддржуваат обликот на насилство како што е шлаканицата и покрај 25-годишната забрана на примена на сила во воспитувањето – оценила директорката на невладината организација „Меве“, Хедвиг Велфл.

Меѓутоа, 88 отсто Австријци сметаат дека насилство е ако некој непознат, односно сосед или наставник му удри шлаканица на дете, додека 79 отсто сметат дека насилството е ако мајката му удри шлаканица на сопственото дете.

– Доколку примената на сила се одвива во семејството тоа се смета за легитимна мерка на воспитување – појасни Велфл.

Бројките покажуваат дека облиците на насилство, како што се ударите, шлаканиците или повлекувањето за уво во опаѓање, но во пораст се нови облици, како што е стопирањето на контактот со детето.

– Ако родителите подолго време не зборуваат со детето, како вид на казна, тогаш тоа само 26 отсто го сметаат за насилство, иако се работи за психичко насилство – наведува Хедвиг, предупредувајќи дека последиците на психичкото насилство се потценуваат, затоа што децата така не учат како да ги решаваат конфликтите на конструктивен начин што ќе ги следи целиот живот.

Меѓу децата и младите расте бројот на „сајбермобинг“ (мелтретирање преку интернет, преку социјални мрежи) или „хепи слепинг“, односно напади на непознати, ученици или наствници, кои се снимаат и потоа се објавуваат на социјалните мрежи.

– Насилството меѓу децата и младите е во пораст – додала Велфл.

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]