Сѐ е фаза!

Во текот на првата година од животот бебето доживува големи скокови во развојот, па токму онаа смирувачка реченица дека „сѐ е фаза“, е и најкорисниот совет што можете да го добиете

0
453

Иако веројатно кога станавте мајки од сите страни почнаа да ве бомбардираат со совети, се чини дека сепак најкорисниот совет што сме го слушнале досега е советот: сѐ е фаза!
Советот е едноставен, а најчесто точен и се однесува на речиси секоја ситуација со која се соочуваат родителите во првата година од животот на детето.
Долгогодишното истражување на научниците резултирало со заклучокот – бебето во текот на првата година од животот минува низ осум фази, а секоја трае од два дена до неколку недели.
Колку и да е тешко да се поминува низ тие фази, најважно е секогаш да с еима трпение и разбирање. Родителите мора да знаат дека секоја фаза еминлива не трае долго.
На пример, бебето кое до некој одреден период мирно јадело секои 2-3 часа, наеднаш може да бара поголем број подојувања. Само што ќе заспие се буди и плачејќи бара да јаде.
Во текот на првата година од животот бебето доживува големи скокови во развојот. Ако забележите дека е бебеот немирно, многу плаче или е постојано гладно, нема потреба за кревање паника затоа што е тоа само уште една фаза или т.н. скок во развојот.
Првите скокови во развојот се случуваат уште во првите неколку днеови кога бебето ќе си дојде од болница, потоа околу првата недела од староста, па на 2-3 недели, 4-6 недели, 12 недели, 16 недели, 6 месеци и 9 месеци.
Не е секое бебе исто па затоа не мора да значи дека бебето ќе има скок во развојот токму во овие недели. Скоковите во развојот не престануваат со првата година од животот и обично се јавуваат на секои два месеци во текот на детството, а потоа периодично и за време на тинејџерскиот период.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here