Самохрана мајка и четири деца сами изградиле куќа

Кара Брукинс од Арканзас која го напуштила сопругот поради семејно насилство и нејзините четири деца, сосема сами, следејќи видео упатства, изградиле куќа од 300 квадрати со голема гаража и куќичка на дрво

0
333

Самохрана мајка од Арканзас со помош на своите четири деца изградила куќа од над 300 квадрати со голема гаража и куќичка на дрво, следејќи стотина видео упатства преку интернет. Со овој потфат сакала на своите деца, а и себеси да им ги врати самодовербата и верата дека можат да ги совладаат сите предизвици.

„Многу ги потпрашував и вработените во продавниците за градежен материјал“, рекла Кара Брукинс, за Hafington post.

Семејството не можело да си дозволи мајстори, но успеале да купат парче земја и градежен материјал. За овој предизвик се одлучила кога ги видела рабтите на куќа што ја оштетило торнадо. „Кога ги видов внатрешните работи, сите тие штици и клинци, одеднаш ми делуваше изведливо и помислив дека и јас би можела да го направам тоа.

Кога го купиле материјалот, најстарата ќерка која тогаш имала 17 години, додека останатите имале 15, 11 и 2 години, ја прашала: „Како ќе ја изградиме куќата?“. И успеале. Правеле се, од почеток до крај. Инаку, Брукинс го нашуштила сопругот поради семејно насилство и со овој потфат сакала на децата да им ги врати самодовербата и верата дека можат да ги совладаат сите предизвици.

Оваа инспиративна мајка напишала и книга за својот животен пресврт и за изградбата на куќата. Советот што им го дава на сите кои зад себе имаат проблеми е: „Сите велат – ако секој ден направиш по еден мал чекор, ќе стане подобро. Моето искуство покажува дека не е така. Мораш да направиш голем скок, да направиш нешто грандиозно, што ќе го смени начинот на кој гледаш на себе“.

loading...