Се поголем е бројот на жени кои панично се плашат од бременоста и породување

Токофобијата не е измислен страв и за жал, погодува се повеќе жени

0
430

За овој страв од бременоста и породувањето кој велат дека погодува се повеќе жени излезе текст на порталот Mummypages, во кој се споменати искуствата на жени кои страдаат од токофобија, а одговори на многу прашања дале повеќе стручњаци кои веруваат дека денеска тој сејавува кај 14 отсто од жените. Тоа не е мала бројка иако во неа се вклучени и жените кои панично се плашат од нова бременост заради трауматичните искуства што ги имале во првата или во претходните бремености.

Меѓутоа, тој страв често ги погодува и жените кои никогаш не биле бремени и кои одамна знаат дека можеби никогаш и нема да имаат деца токму поради тоа што панично се плашат да забременат.

„Преплашена сум од самата помисла дека во мене би можел да расте некој алиен“, рекла една од нив. Другите кои страдаат од истите стравови, комплетно ја разбираат, но тоа не е случај со останатите луѓе.

„Моето семејство едноставно не може да го разбере мојот страв. На сопругот уште од почеток му зборував за тоа, но тој упорно с енадева дека стравот ќе ми помине. Се обидов да се ослободам од стравот, дури престанав да пијам и пилули, но сега едноставно избегнувам секс и размислувам повторно да почнам да ги пијам затоа што сум парализирана од самата помисла дека можам да забременам“, раскажува друга жена.

„Колку и да знам дека е нашето тело создадено за да создаде и да роди уште ново суштество, мене и самата помисла дека нешто ми расте во стомакот ми е неподнослива. Се плашам дека моето тело не би го издржало тоа“, вели трета.
Многу девојки и жени стравуваат од бременост и породување, но стравот за кој станува збор тука е нешто сосема друго.

Токофобијата е најчесто застапена кај жени кои не се пораѓале и немаат реална претстава што се случува во бременоста и за време на породувањето.
Може да се појави и кај жени кои веќе се породиле, но претрпеле тешко породување, но тие се веќе полесен случај затоа што станува збор за страв кој може да се објасни па така може и полесно да се ублажи.

Примарната токофобија е последица од раната возраст, понекогаш со корени од детството. Се случува кога девојче е сведок на тешка бременост или породување, најчесто на својата мајка. Додека секундарната токофобија настапува во зрела доба. Може да биде поттикната од сексуално насилство, негативно искуство на блиска жена, емоционални трауми, низок праг на болка и други патолошки стравови.

За среќа постои лек за ваквата состојба. И истата може да се третира како и останатите фобии со помош на стручно лице психолог. Разговорите со стручното лице несомнено помагаат за излез од ваквата ситуација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here