Се повеќе трудници пушат марихуана

Резултатите од неодамнешното истражување покажуваат дека една петина од американските тинејџерки пушат марихуана во текот на бременоста. Употребата на оваа дрога, која има влијание на развојот и функционалноста на мозокот, е во се поголем пораст кај трудниците од различни возрастни групи.

0
575

Бројот на жени кои консумираат марихуана во текот на бременоста пораснал дури за 3,9  отсто во 2016. година.
Од 2009. до 2016. година, најголем процент на жените кои користеле марихуана бил под 25 години.

Истата студија потврдува дека марихуаната е „најчеста илегална дрога која се користи во текот на бременоста“, додавајќи дека нејзината консумација е во постојан пораст.

Консумирањето на марихуана може да влијае на развојот на мозокот од бебето и да го оштети неговото функционирање во иднина. Студијата дури докажала дека децата кои во стомакот на мајката биле изложени на дејството на марихуаната имале полоши оценки на тестовите за визуелно решавање на проблеми и побавна моторика од останатите деца.

Исто така, користењето на марихуана во бременоста предизвикува вртоглавици и ги поттикнува останатите несакани симптоми на бременоста, а се зголемува и ризикот од предвремено породување и проблеми во развојот и растот на бебето.

loading...