СЕДУМ ДОБРИ ПРИЧИНИ ЗА ДОЕЊЕ

0
469

Тоа што е добро за детето, исто така е добро и за мајката. Почитување на природниот начин на хранење на детето. Со доењето на детето му се давате најдобра можна храна во првите месеци од животот. Доењето позитивно влијае врз здравјето на мајката, како и не трошите непотребни пари на скапата детска храна која не може да се спореди со мајчиното млеко.

Седум причини зошто не треба да се отстапи од доење:

1. ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД РАК НА ДОЈКИТЕ

Жените кои ги дојат своите деца го намалуваат ризикот од појава на рак на дојките  дури 25 отсто. Што повеќе се дои, тоа е помал ризик од појава на рак на дојките.

2. ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД РАК НА МАТКАТА И ЈАЈЧНИЦИТЕ

Во текот на периодот на лактација нивото на естроген е помал од вообичаеното. Се верува дека намалувањето на количеството на естроген влијае врз слузницата на матката како и врз ткивото на дојката намалувајќи го ризикот од појава на тумор во нив.

3. ОСТЕОПОРОЗА

Жените кои одлучиле да не дојат имаат четири пати поголем ризик од појава на остеопороза во однос на жените кои дојат. Покрај тоа, доилките имаат помал ризик од кршење на коските на колковите во менопаузата.

4. ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД МЕЃУ БРЕМЕНОСТА

Доењето ја пролонгира овулацијата, што е подолг периодот на доење на детето, полесно е да се обезбеди саканиот период меѓу две бремености.

5. ЕМОЦИОНАЛНО ЗДРАВЈЕ 

Доењето не е добро само за физичкото здравје на мајката, туку и за менталното. Истражувањата покажуваат дека со доењето значително се намалува постпородилна депресија и анксиозност.

6. ГО НАМАЛУВА ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ

Според голем број истражувања жените кои доеле по породувањето многу побрзо го намалиле вишокот на килограми и масните наслаги и полесно се вратили на тежината што ја имале пред бременоста.

7. ШТЕДИ ПАРИ

Со доење може да се заштедат пари. Ниту една храна не може да се спореди со мајчиното млеко.

loading...