Шест работи што бебињата можат да ги направат пред првата година

Можеби претпоставувате дека бебињата немаат когнитивни, социјални и емоционални способности, но не сте во право! Бебињата се усмерени кон набљудување на светот и кон тоа како тој функционира.

0
1148

Бебињата систематски ги анализираат предметите и луѓето околу себе, правејќи на некој начин предвидувања и експерименти.

Кога резултатот не е во согласност со нивните очекувања, бебињата го менуваат и го формираат мислењето и се впушатаат во натамошни истраги. Ви откриваме што можат бебињата да направат пред навршување на првата година од животот.

Бебињата помнат искуства

Во еден експеримент, трудница во текот на шест недели, два пати на ден ја читала на глас приказната „Мачорот во чизми“. Набрзо по раѓањето, новороденчето покажало интерес и склоност токму кон ова приказна во однос на останатите.

Бебињата знаат да разликуваат добро и лошо

До шест месеци старост децата разбираат што е добро а што лошо. За да ги докажат тие способности, научниците им давале на децата да гледаат кукла која трука топка по некоја нагорна линија, додека друга кукла и го попречува ова. Бебињата ја оттурнувале „лошата“ кукла затоа што ја идентификувале како нешто лошо.

Бебињата сакаат да бидат корисни

Истражувачите пуштиле едногодишни деца да гледаат како возрасна личност се обидува да отвори плакар со полни раце или пак како се обидува да дофати предмет кој не му е на дофат на рака. Децата спонтано престанувале со играта. Почнувале да ги собираат играчките или да ползат кон ормарот за да помогнат.

Бебињата може да ги заинтригира разновидноста и изненадувањата

Обидете се да го изненадите своето дете и набљудувајте ги неговите реакции. Спроведено е истражување во кое единаесетмесечно дете набљудува топче кое се тркала по надолнина до препреката и се однесува предвидливо. Само понекогаш запирала или поминувала низ препреката. Детето станувало исклучително заинтересирано за топчето кое ги предизвикувало неговите очекувања. Ако сакате да ја поттикнете љубопитноста на бебети, запомнете дека моментот на изненадувањето е клучен елемент.

Бебињата знаат ако не им обрнувате внимание

Веројатно сте забележале дека детето, ако малку го запоставите, се обидува на сите начини да го привлече вашето внимание. Ако не ја добие саканата реакција, почнува да плаче и да вреска. Оваа реакција открива  неверојатно комплексна емоционална интелигенција на децата и екстремна сила во секојдневната интеракција со родителите.

Бебињата се добри проценувачи на карактери

Бебињата се совршени имитатори, но не имитираат било кого. Од раѓањето до првиот роденден, автоматски ја следат веродостојноста на луѓето и не ги имитираат оние луѓе во кои „процениле“ дека не може да се има доверба.

loading...