Што да направите кога вашето бебе постојано плаче?

Сите бебиња плачат, а мајките мора да излезат на крај со тоа и да најдат начин како да тоа да го запрат. Некои мајки успеваат да најдат начин како да го смират своето бебе, но некои можат тоа плачење многу трауматично да го поднесат.

0
1266

Постојаното плачење на вашето бебе понекогаш може да ја истрауматизира и најтрпеливата мајка. Ова понекогаш може да биде опасно, затоа што вашето дете плаче а вие сте беспомошни и не знаете што да направите за да му помогнете. Но секако морате да ги пробате сите начини за да го решите овој проблем и плачењето и трауматичните ноќни будења да ги сведете на минимум.

Бебињата плачат со причина, или се гладни, или им е здодевно или пак не им е пријатно во положбата во која се наоѓаат, или нешто ги боли,…причините се различни. Ако успеете да ја откриете причината за плачењето на вашето дете, тогаш ќе можете со малку напор тие солзи да ги запрете. Еве неколку чекори како да го направите тоа.

Читајте му! На бебињата мајчиниот глас им е многу стимулативен и ги опушта. Читајте им приказна, весник, па дури и рецепти, важно е бебето да ви го слуша гласот затоа што тоа ќе го смири. Пеењето е уште еден успешен начин како да излезете на крај со солзите.

Опуштање – дури и кога е вашето бебе старо само неколку месеци, тоа има можност да го забележи расположението на својата мајка. Ако сте под стрес или сте нервозни заради плачењето на вашето дете, само ќе ја влошите ситуацијата. Опуштете се, нежно земете го бебето во раце и лулајте го и тивко и нежно зборувајте му. Ако сте вие смирени и вашето дете ќе биде мирно.

Звуци – различни звуци можат многу брзо да го смират бебето. Некои бебиња уживаат во ритмичните звуци како што е оној на машината за перење или пак на стариот часовник. Звукот на правосмукалката или на моторот на автомобилот се исто така познати начини како да го смирите детето.

Велат дека бебињата сакаат да слушаат класична музика, па пуштете му некоја релаксирачка музика со која сигурно ќе се смирите и ќе се опуштите и вие и бебето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]