ШТО ДА ПРАВИТЕ АКО БЕБЕТО СТРАДА ОД ГРЧЕВИ

0
3678

Шест часот е наутро и маките почнуваат. Го држите своето бебе кое има само две недели (на пример, напредно дете) и навидум немате ниту една грижа во животот. Наглото и неочекувано, екстремитетите на вашето бебе се вкочанети, неговиот грб се свиткува, дланките се стиснати, бебето со згрчени нозе удира кон потеченото, тврдо стомаче и испушта крици што ви го распарчуваат срцето. Како што интензитетот на бебешкото плачење станува се посилно, вашите фрустрации ескалираат и се чувствувате немоќно да ја одредите причината за бебешките тешкотии и да му ја олесните болката. Не можете да го утешите своето бебе и двајцата плачете, заедно чувствувајќи ја болката.

Кога се обидувате да го галите, бебето од протест се вкочанува. Се обидувате да му помогнете, но тоа се влече наназад. Го лулате, му пеете, но техниките што помагале вчера, денеска не функционираат. Во вашата глава постојано се врти познатиот рефрен: „Што не е во ред со моето бебе? Што не е во ред со мене?“
И додека вие ги пребарувате сите билни чаеви, воведувате промени во исхраната по совет на лекарот и го применувате секој разумен шаблон, на истиот мистериозен начин на кој почнала, оваа борба се завршува околу третиот или четвртиот месец и животот продолжува понатаму. Однесувањето на вашето бебе станува поподносливо, а вие затворате едно од најтешките поглавја во животот.
Тоа се колики (грчеви).

ШТО СЕ КОЛИКИ (ГРЧЕВИ)?
Болката кај бебето доаѓа од цревата (самиот термин „колики“ потекнува од грчкиот „
kolikos, што значи „болка во дебелото црево“).

КАКО ДА ОДРЕДИТЕ ДАЛИ ВАШЕТО БЕБЕ ИМА ГРЧЕВИ?
Агоничните напади на плачење кои не се смируваат, не оставаат дилема дали вашето бебе има болки. И доколку понекогаш не можат сосема прецизно да ја одредат причината, педијатрите сметаат дека наизглед здраво, напредно бебе има колики доколку кај бебето го манифестира следното.
Епизоди на незапирливо плачење:

  • почнуваат во првите три недели од животот;
  • траат најмалку три часови дневно;
  • се појавуваат најмалку три месеци неделно;
  • продолжуваат најмалку три недели;
  • ретко траат подолго од три месеци.

Бебињата кои имаат колики не се немирни, тие имаат болки. Тие се „тресат“ во агонични непријатности. Коликите бараат поинтензивен пристап. Како што една мајка рекла: „Нашата ќерка, која сега има 13 месеци, беше „кралица“ на коликите. Ќе почнеше во три попладне и константно плачеше се до полноќ. Кога немаше колики, едноставно бараше многу внимание и грижа. Кога имаше колики не реагираше на ништо.“
Храна која може да предизвика колики (грчеви) во текот на доењето
Доколку вашето дете има колики, тоа може да биде предизвикано и од нешто од вашата исхрана што ја пренесувате преку доењето. Еве листа на храна што може да биде виновна за грчевите на вашето бебе. Вие можете да ги исклучите сите видови храна одеднаш или само неколку одеднаш, во зависност од сериозноста на ситуацијата. Имајте на ум дека понекогаш се потребно и до две седмици одредена храна да се исфрли од организмот, така што бидете стрпливи.

  • млечни производи
  • кофеин – кафе, чај, газирани пијалаци
  • производи од соја
  • кикиритки
  • школки
  • чоколада
  • цитрусно овошје (лимон, грејпфрут, портокал)
  • пченица
  • пилешко
  • говедско
  • јајца
  • јаткасто овошје
  • пченка

Пренаталните витамини (железото може да го иритира бебето. Прашајте го својот лекар за решение, доколку железото е причината).
Зеленчук што предизвикува гасови
:

  • брокули
  • карфиол
  • зелка
  • кромид
  • зелени пиперки
  • домати.

 

loading...