Што мислите за таблицата на Монтесори за детските задолженија?

Во таблицата на задолженија на педагошката метода позната како Монтесори, прикажани се домашните обврски кои се распоредени во согласност со возраста на децата...Според оваа таблица, мојот 23-годишен син е некаде помеѓу 3 и 5-годишна возраст...

0
447

Не се разочарувајте доколку сфатите дека според таблицата во која методата Монтесори ги распоредила домашните обврски на децата во согласност со нивната возраст, вашето дете не се вклопува во ниту една.

Или е разгалено како моето, или тие од Монтесори претерале. Е сега, веројатно некои родители и ќе се сложат со наброените активности и ќе потврдат дека нивните деца имаат слични задачи…Што мислите вие?

Таблицата изгледа вака: 

2-3 години
– ги собира играчките

– ги реди книгите на полица

– ја става валканата облека во корпа

– фрла ѓубре

– носи дрва

– си ја средува својата облека

– ја поставува масата

– ги носи пелените и марамиците

– ја брише прашината од лајсните на подот

4-5 години

– го храни домашното милениче

– ги собира играчките

– го брише тоа што ќе се истури

– го мести креветот
– ја средува собата
– ги залева цвеќињата
– поставува прибор за јадење
– прави сендвич
– користи рачна правосмукалка
– ја раскрева масата
– ги брише и ги реди садовите

– ги дезинфицира кваките на вратите

6-7 години

– го крева ѓубрето

– ги реди пешкирите

– го брише подот

– ја празни машината за садови

– ги спарува чорапите

– ја плеви градината

– ги собира лисјата

– лупи компири и моркови

– прави салата

– ја менува ролната со тоалетна хартија

8-9 години

– ја полни машината за садови

– менува сијалица

– става валкана облека во машината за перење

– ги спростираат чистите алишта

– ја бришат прашината

– ја чистат терасата

– ги распоредуваат купените намирници

– матат јајца

– прават кекси

– го шетаат кучето

– ја раскреваат масата

10-11 години

– го мијат купатилото

– ги усисуваат теписите

– ги чистат работните површини

– темелно ја чистат кујната

– приготвуваат едноставен оброк

– ја косат тревата

– ја земаат поштата

– прават едноставни поправки (на пример, си шијат копче)

– ја чистат гаражата

12 и повеќе години

– ги бришат подовите

– менуваат сијалици

– го мијат и го усисуваат автомобилот

– ја сечат живата ограда

– ги бојат ѕидовите

– прават попис и купуваат намирници

– приготвуваат вечера

– печат леб или колачи

– едноставни домашни поправки

– мијат прозори

– ја пеглаат облеката

– ги чуваат помладите деца во семејството

[better-ads type='banner' banner='999' ]