Што не смеат да прават бабите и дедовците?

Одредени однесувања не даваат добар пример ниту пак придонесуваат за хармонични односи во семејството.

0
249

Бабите и дедовците се помеѓу најважните личности во детството па мораат да водат сметка какви примери ќе им бидат на своите внуци. Одредени однесувања не даваат добар пример ниту пак придонесуваат за хармонични односи во семејството. Еве што не би требало да прават бабите и дедовците.

Да ги игнорираат правилата на однесување на социјалните мрежи

Многу баби и дедовци не се „онлајн“ но се повеќе се оние кои се активни на социјалните мрежи. Тие треба да водат сметка да не објавуваат фотографии од внуците кои самите внуци или нивните родители не би сакале да бидат објавени, како и да се однесуваат мнаметливо и да ги „бламираат“ внуците со коментари.

Да предлагаат имиња за бебето

Смислувањето на име за детето е лична работа на родителите и вкусот на бабите и дедовците не би требало да влијае на оваа одлука.

Да купуваат големи подароци без договор со родителите

Таблет, џиновска мечка или автомобил за пораснатиот внук – сето тоа се подароци кои бараат претходен благослов од родителите.

Да им ги наметнуваат своите верувања на внуците

Колку и да сметаат дека е неопходно внуците да бидат воспитани „на вистинскиот начин“, бабите и дедовците мораат да се воздрат од наметнување на сопствените политички и религиски ставови.

Да не ги известуваат родителите за движењето на внуци
Многу е важно родителите да бидат во тек со тоа каде им се децата, дури и кога се на гости кај бабите и дедовците.

Да издвојуваат миленици помеѓу внуците
Некогаш тие не се ни свесни дека прават разлика помеѓу внуците, но таквиот однос може да им нанесе длабоки емотивни рани на децата,

Да предизвикуваат чувство на вина кај мајката која не дои

Каква и да е одлуката на мајката во поглед на хранењето на бебето, таа не смее да биде предмет на критика и префрлање на бабите и дедовците.

Да им ја откриваат на внуците „валканата облека“ од младоста на мама и тато

Иако овие приказни можат да бидат забавни, тие можат да го подријат авторитетот на родителите и да ги охрабрат внуците на непослушност.

Да играат на картата на вина

Никако не смеат да играат на оваа карта и да даваат коментари од типот на: „Уште малку ми остана, ама ако баш сакате да славите Божик без мене, нема врска…“

Да ги игнорираат родителските правила во поглед на исхраната на внуците

Ако родителите не им даваат одреден тип на храна, не е на бабата и детето да го прекршат тоа правило.

Да ги озборуваат родителите пред внуците

Некогаш е тешко да му се одолее, но озборувањето на родителите е лошо искуство за децата.

Да ги игнорираат кришум родителските правила

Ако децата мораат да одат во кревет во девет, ќе мораат да го прават истото и кога се кај баба и дедо.

Да ги носат на шишање без прашање

Да ги испрашуваат внуците за да извлечат информации за нивните родители

Никогаш не треба да прават од внуците свои шпиони ниту пак тие смеат да служат како посредници кога е на дневен ред кавга, развод или планирање на одмор. Така само се упропастуваат семејните односи

Самоиницијативно да подаруваат домашни миленици

Без оглед на тоа колку внуците да им ветуваат ека сами ќе се гриат за ни, животните се голема одговорност и таков подарок мораат да одобрат родителите.

Премногу внимание да му посветуваат на физичкиот изглед на внуците

Колку и да им се убави, не треба да правата фама од тоа, и наместо убавината, треба да ги истакнуваат другите квалитети на децата.

Да бараат внуците да ги посетуваат

Одлуките за ова се сепак во надлежност на родителите и не треба врз децата да се врши притисок за почести посети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here