Што не треба да им зборувате на децата додека јадете?

Избегнувајте ги овие работи и вашето дете полесно ќе ја прифаќа здравата храна

0
376

Пораките кои му ги испраќате на детето додека сте седнати да јадете може да имаат силно влијание врз него, па затоа проверете дали им ги испраќате оние вистинските.

Еве што не би требало да им велите.

1. Мора да го изедеш зеленчукот ако сакаш десерт

Не му го претставувајте десертот како награда, а здравата храна како казна. Така детето од мали нозе ќе развие одбивност кон се што е здраво, па дури и кон онаа храна што порано ја сакало. Не му испраќајте порака дека мора да јаде „невкусни“ работи за да дојде до она што му е вкусно.

2. Толку си пребирлив

Ставањето на било кој вид на „етикети“ на однесувањето и преференците на вашето дете не може да донесе ништо добро. Додека вие го сметате детето за пребирливо, тоа веројатно е исплашено од испробување на нови работи и храна чиј вкус не го знае. Впрочем, веројатно ниту вие не јадете баш се, нели?

3. Изеди уште пет залчиња зеленлук и парче месо

Оваа реченица е многу вообичаена и разбирливо е дека сакате вашето дете да јаде поздраво, но диктирајќи му што и колку мора да изеде, нема да му помогнете во воведувањето на здрави навики. Како би реагирале ако некој вам почне да ви кажува колку и што морате да изедете?

4. Одвраќање на детето од одредена храна

Со реченицата „Тебе тоа не би ти се допаднало“, дури и ако сте 99 отсто сигурни во тоа, поставува граници во кои не сте сигурни. Тоа е единствено оправдано во случај ако станува збор за многу зачинета храна која не е добра за децата, а во сите останати случаи децата би требало да имаат можност да испробаат нови работи.

5. Мора да пробаш!

Правилото „само едно залче“ исто така ги присилува децата на нешто. Ако сите без премногу помпа почнете да јадете од тоа што е послужено на масата, многу се помали шансите детето да ја одбие храната. Но ако постојано го испитувате што му се допаѓа, му давате доволно простор да наоѓа маани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here