ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕ СЕКОЈА ТРУДНИЦА ДОКОЛКУ ПАТУВА СО АВИОН

0
1429

Патувањето со авион се чини како најдобро решение доколку сте решиле за брзо време да стасате до посакуваната дестинација. Но, мал број бремени жени размислуваат за тоа колку им е ограничено движењето за време на самиот пат. Во склад со тоа, ова се неколку совети кои вашиот лет ќе го направат безбеден и удобен.

КОЛКУ ЛЕТОТ Е БЕЗБЕДЕН ЗА ТРУДНИЦИТЕ ВО ПРВОТО И ВТОРОТО ТРОМЕСЕЧЈЕ?

Ова не би требало да претставува проблем, но за да бидете сигурни потребно е да се консултирате со својот лекар. Освен тоа, неопходни се и одредени испитувања доколку трудницата во текот на својата бременост има здравствени проблеми како што се благо крвавење, дијабетес и висок крвен притисок. Многу идни мајки откриле дека периодот од 14-та до 27-танедела од бременоста е најдобар за летање со авион. Тогаш утринските мачнини се зад нив, нивото на енергија е поголемо, а трудницата се чувствува одлично.

ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО ДА СЕ ПАТУВА СО АВИОН ВО ТРЕТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД БРЕМЕНОСТА?

Ако имате здрава бременост, поголемиот дел од авиопревозниците ќе ви допушат да летате до 36-тата недела на бременоста. Сепак, не заборавајте во својот патен распоред да пресметате и колку недели ќе бидете бремени во моментот на враќањето од одмор. Некои авиокомпании бараат писмена потврда за очекуваниот термин на породување со цел бременоста да помине уредно. Затоа, пред да патувате проверете какви лекарски наоди се бараат од вас.

МОЖЕ ЛИ СКЕНЕРОТ НА АЕРОДРОМ ДА МУ НАШТЕТИ НА ВАШЕТО БЕБЕ?

Кога поминувате низ скенерот, вие, всушност, поминувате низ детектор на метал, кој не го оштетува плодот. Само вашиот багаж е изложен нарендгенски зраци. Освен тоа, т.н. безбедносни или телесни скенери кои се користат на некои од аеродромите исто така не можат да му наштетат на плодот.

ДАЛИ ЛЕТОТ НА КОЈ БИЛО НАЧИН МОЖЕ ДА МУ НАШТЕТИ НА БЕБЕТО?

Докажано е дека притисокот во кабината не влијае врз развојот на бебето. Препорака на лекарите е дека никако не треба да се патува со мал авион кој нема изнивелиран притисок во просторијата, односно кабината. Нивото на кислород значително е понизок на поголеми височини, а во таков авион телото на бремената жена е изложено на повисок напор, бидејќи тогаш мора да се помачи за да си обезбеди себеси и на бебето доволно количество кислород. Сепак, летот треба да се избегнува во одредени случаи – ако трудницата има анемија и наследна болест на крвни згрутчувања во семејството.

КОЛКУ Е ШТЕТНА УПОТРЕБАТА НА ПОЈАСОТ?

Не е штетно, но потребно е појасот да се постави правилно – под стомакот, што истото важи за трудниците кога се во автомобил.

КАКО ДА ВИ БИДЕ ПОУДОБНО ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТОТ?

Поголема удобност и простор ќе ви ја осигура првата класа на летање, иако ниту тоа не е 100 отсто сигурно. Но, ова се неколку сугестии вашето патување да биде поудобно:

– Ако е можно седете до преминот бидејќи почесто ќе може да гиистегнувате нозете, а и поедноставно да станувате и да правите неколку вежби за истегнување или да одите до тоалетот.

– Носете удобна и комотна облека и обувки.

– Пијте вода и овошни сокови. Не консумирајте пијалаци кои може да предизвикаат дехидратација како некои видови чаеви (црн, индиски) и кафе.

[better-ads type='banner' banner='999' ]