Што значи негативен Резус фактор во бременоста

Секоја Rh негативна мајка која родила Rh позитивно дете мора во рамките на 72 часа да прими инјекција на Анти-Д имуноглобулин која ќе го запре производството на антитела кај мајката.

0
610

Бременостите во кои станува збор за Rh некомпатибилност на мајката и детето понекогаш мора да се завршат порано, во 34.недела од бременоста со царски рез, но благодарение на развојот на медицината овој проблем може на време да се открие и да се лечи.

Како што постојат четири крвни групи A, B, AB и 0, така постојат и Rh фактори кои можат да бидат позитивни или негативни. Повеќето луѓе имаат позитивен Rh фактор. Тоа значи дека имаат антиген на црвените крвни зрнца за Rh фактор. Луѓето кои го немаат тој антиген се Rh негативни.

Кога Rh негативната крв е изложена на Rh позитивната, Rh негативната почнува да произведува антитела.

Проблем е кога Rh негативна трудница носи Rh позитивно дете, затоа што нејзината крв тогаш создава антитела кои можат да ги нападнат црвените крвни клетки на бебето.

Ова може да предизвика низа последици за детето, како што се анемија, жолтица и други проблеми поврзани со крвта.

Добра вест е тоа дека Rh некомпатибилноста може да се спречи и да се лекува. Како дел од редовната контрола на трудниците се тестира крвта на Rh фактор, како и присутноста на антитела.

Ако се антителата присутни, мајката во некој период од животот била изложена на Rh позитивна крв и нејзиното тело веќе има антитела за Rh фактор. Тоа бара третман против Rh некомпатибилност.

Ако веќе имате развиени антитела за Rh фактор, вашиот лекар внимателно ќе ве набљудува и вас и детето. Ако е вашето дете Rh негативно, нема да биде потребен третман, но ако е детето Rh позитивно, ќе се извршат тестови со кои ќе се следи состојбата на детето.

Понекогаш лекарите препорачуваат внатрематерична трансфузија за детето. Бременостите во кои станува збор за Rh некомпатибилност на мајката и детето понекогаш мора да се завршат порано, во 34.недела од бременоста со царски рез, но благодарение на развојот на медицината овој проблем може на време да се открие и да се лечи.
Децата се Rh позитивни ако се обајцата родители со Rh негативна крвна група или ако е таткото Rh позитивен. Со оглед на тоа што крвта на детето обично не се меша со крвта на мајката сѐ до породувањето, во текот на бременоста постои мала можност за компликации.

При породувањето може да дојде до мешање на мала количина крв на мајката и детето.

Секоја Rh негативна мајка која родила Rh позитивно дете мора во рамките на 72 часа да прими инјекција на Анти-Д имуноглобулин која ќе го запре производството на антитела кај мајката. Ако е вашето дете Rh негативно, вакцинирање не е потребно. Вакцината овозможува само привремен имунитет па е потребно да се повторува после секое породување или абортус.

loading...