Смрт на перфекционизмот, слобода на родителот!

Не се нервирам заради она што можам и сакам да го поправам, а не се мешам во она на што не можам да влијаам

0
525

Заршив со обидите да бидам совршена. Со обидите да бидам најдобра. Со обидите да бидам доволно добра.

„Доволно добра“ не постои. Не постои. „Доволно добра е лага, виножито кое постојано не мами и ни бега, како во сон, на дофат, но далеку. „Доволно добра“ е вечното незадоволство на нашите родители и воспитачите од нас, постојаното постоење на некое „но“ или „ако“. Не е ни важно зошто е тоа така, затоа што завршив со тоа.

Завршив со чистењето на куќата и спремањето за гости.

Завршив со замолчувањето на децата пред соседите.

Не се нервирам заради она што можам и што сакам да поправам, а не се мешам во она на што не можам да влијаам.

Завршив со премногу сериозно земање предвид на туѓите мислења и филозофии. Завршив со впивањето на секој напис за воспитување кој ќе ми излезе пред очи. Повеќе не ме фаќаат на емоција, на грижа на совест. Сега знам доволно, доволно сум јака, и доволна сум.

И почетокот на родителството е почеток како и детството и пубертетот, кога сме ранливи и се уште несигурни. Туѓите критики, или дури и туѓите начини кои се спротивни на нашите, лесно можат да предизвикаат во нас грижа на совест.

Грижата на совест е корисна емоција. Таа ни јавува дека треба да постапуваме подобро, да бидеме подобри, да можеме да бидеме подобри. Сите тие блогови за воспитувањето ме научија да разликувам два извори на грижа на совест, кои ги нарекувам интерни и есктерни, поттикнувачки и штетни.

Интерната и поттикувачка грижа на совест е кога, дури и како реакција на некоја надворешна дразба, препознавам дека постои простор и можност за подобрување во некои мои постапки. Тогаш правам план како тие подобрувања да ги спроведам, да си простам себеси, да се насмевнам и мирно да заспијам едвај чекајќи го новиот ден.

Екстерна и штетна е онаа кога имајќи ги предвид достапните факти и мојата индивидуална ситуација, сум одлучила како ќе постапам по чекој повод и ја спроведувам таа одлука, а некој кој за мене претставува авторитет – ја оспорува таа постапка.

Разликувањето на поттикнувачката и штетната грижа на совест ми помага првата да ја применам, а другата да ја отфрлам. Но тоа не е се!

Од силната грижа на совест извлеков неколку поуки:

Авторитетот не е закон. Во ред е некои совети да не ми одговараат. За мојот ѓивот и моите деца, ЈАС сум авторитет. Кога мајката станала толку несигурна, пасивна, од кога тоа таа мора да го слуша овој или оној, памет да и соли сосетката или жената од зад некој шалтер или дури и педијатарот? Кога јас бев дете, мајката беше алфа и омега, бог, живот и смрт. И сега повеќе не му се правдам на никој неважен, не објаснувам, не се извинувам. Таква сум каква што сум.

Не морам никому да му поднесувам сметки. Самата сум одговорна за моите постапки и мојот начин на живот. И таа одговорност е голема и важнa. Баш затоа ја прифаќам и одговарам само пред својата совест. Секако дека со семејството и со пријателите разговарам за тоа како сум донела некоја одлука и барам нивно мислење, но не го правам тоа  за да се правдам и за да го стекнам нивното одобрување и прифаќање.

Не морам да добијам одобрување од општеството. Без оглед на тоа дали станува збор за одобрување од моите стари пријателки или од мајките од групата на Фејсбук. Ако не морам, тогаш и не го барам. Се ослободив од потребата некој да ме прифати таква каква што сум. Битно е јас да се прифатам себеси.
Ништо јас не морам. Не морам за секој оброк да послужувам зеленчук, а за секоја ужинка мед и овошје. Не морам да ги изнесувам надвор. Не морам да им зборувам на англиски. Не морам. Некои денови, месеци, доволно е само да бидеме она што сме, тука кадешто сме. Го правам она што ни се прави, она што во тој момент ни е подобро.

Извор: zmajka.rs

loading...