Со спиење на отворено, градинка во Перт се бори против вирусите

Градинка во градот Перт, во Австралија, вовела попладневно спиење во природа за да се спречи оболувањето на децата од вируси.

0
660

Во Австралија се шири нов тренд. Поради помалку настинки и грипови, малечките во градинка на својата попладневна дремка се почесто одат на игралишта или во базени со песок.

Градинка во градот Перт вовела попладневно спиење во природа за да се спречи заболувањето на децата од вируси. Резултатите од примената на оваа стара скандинавска метода, велат од градинката, се одлични. Со спиењето на отворено почнале на прагот од австралиската зима – во март и во текот на следните 11 недели, помалку од 1 отсто од децата отсуствувале заради болест.

„Веруваме дека отпорноста на децата на болести е директна последица од спиењето надвор кадешто вдишуваат свеж воздух наместо спиењето во загушливи климатизирани простории кои се вистински инкубатор за грип и настинки“, велат во градинката.

spavanje u dvoristu

Она што исто така го забележале е дека децата спијат подолго, поцврсто и дека се далеку посмирени кога ќе се разбудат. Станале повнимателни и полесно учат.

Бројни истражувања покажале дека престојувањето на децата во природа го поттикнува развојот на мозокот, скелетот и мускуллатурата, социјалниот, емотивниот и когнитивниот развој, како и тоа дека децата кои се долго надвор се поздрави.

Децата спијат во ладовина, а ако е ветровито или врне дожд, заштитени се со шаторско крило. Единствено кога силно врне дожд, децата остануваат внатре. Имаат простирки за лежење, перници и прекривки.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here