Бременост / МИРУВАЊЕ ВО БРЕМЕНОСТА
Прашај педијатар
Прашај гинеколог
Клуб на мајки
 
 
Книга на месецот
Бебе на денот
Мојата приказна
Селебрити
Рецепти
Подаруваме здравје
Анкета
 
 
 
 
МИРУВАЊЕ ВО БРЕМЕНОСТА
Објавено на: 11.03.2012

Најчести причини за мирување во бременоста се заканувачки спонтани нарушување и предвремено породување, како и застој во растот на детето. Ако вашата претходна бременост завршила со спонтан абортус, во следната треба да мирувате четири недели повеќе од онаа недела во која претходно настапил. Се препорачува и воздржување од сексуални односи, како и избегнување тешка физичка работа. Дозволено е само лежење. Не смеете да бидете на нозе подолго од два часа, а ако почувствувате замор и пред тоа, мора да легнете.
Трудниците со два или со повеќе спонтани абортуси мора да мируваат во текот на целата бременост, особено во онаа недела кога се случиле. Ако нема знаци на заканувачко предвремено породување по 24. недела, постепено може да се намалува лежењето.
Исти мерки се преземаат и кај трудниците што во претходните бремености родиле предвремено. Во стоечка и во седечка положба притисокот е насочен кон влезот на матката. Така постепено се отвора грлото на матката, водењакот се спушта во каналот и доаѓа до негово прскање, болки и до предвремено породување. Со лежење тој притисок се намалува, како и можното стегање на матката.
Лежење им се препорачува и на трудници кои претходно имале операција на грлото на матката, тие со аномалии на матката, воспаленија, како и поранешни прекинувања на бременоста.
Мора да мируваат и трудниците што страдаат од ЕПХ-гестоза и еклампсија. Симптомите се отоци на нозете, рацете и на телото, присуство на белковини во урината и покачен притисок. Најтежок облик е еклампсија, губење на свеста проследено со грчеви. Болеста се јавува само во бременоста и исчезнува по неа.
Лежењето е нужно и кај некои болести на мајката, како што се висок притисок, болести на тироидната жлезда, болести на бубрезите и уринарниот тракт и шеќерна болест. Кај трудниците кај кои болеста се појавила во текот на бременоста мирувањето не е потребно. Исто така, лекарите советуваат лежење и во случај на компликации во бременоста, кои може да доведат до заканувачки спонтан абортус и предвремено породување, застој во растот на плодот, кај повеќеплодова бременост, плацента превија и кај разни инфекции.

ШТО Е ЕПХ-ГЕСТОЗА?

Се работи за нарушување кое во основа ги зафаќа младите жени во текот на првата бременост. Но, всушност е утврдено и дека е зачестено кај жени со повеќе од 40 години. Гестозата е типична промена за последното тримесечје од бременоста, а исчезнува по породувањето. Треба да се биде под надгледување зашто може да се загрози нормалниот тек на бременоста. Гестозата се обележана со ненормален пораст на крвниот притисок (хипертензија) и појава на белковината албумин во урината (протеинурија).
Кај жените се развиваат отоци, особено на нозете, кои не се поврзани со стоење (тоа се едеми). Затоа болеста се нарекува и Е (едем), П (протеинурија), Х (хипертензија), односно ЕПХ-гестоза. На идната мајка обично & се советува целосно мирување и редовни контроли. Ако е потребно, гинекологот може да препише лекови против покачен притисок за да го спушти на нормално ниво.
Се смета дека гестозата во бременоста настанува поради нарушување на приспособливиот механизам, пред се, на неурохуморалната регулација. Гестозите се делат на рани (во првата третина од бременоста) и доцни (од 28 недела).

ЕКЛАМПСИЈА

Еклампсија е најтежок облик на доцна гестоза. Заедно со едемите, протеинуријата и хипертензијата, проследено со губење на свеста, а потоа и со појава на грчеви, по што настапува кратка или подолга коматозна состојба. Според периодот на настанување, се разликуваат еклампсија кај трудници, и еклампсија кај родилки. Пред целосниот напад се јавува преекламптичен период, кој може да трае пократко (да остане незабележан) или подолго. Нападот на еклампсија доаѓа во три фази:

  • Почетна фаза (трае 30 секунди) со ситни фибриларни тикови на мускулите од лицето и горните екстремитети (преекламптичен период).
  • Втората фаза (трае 10-20 секунди) е најкратка и најопасна. Целата мускулатура се наоѓа во тоничен грч, дишењето престанува, цијанозата (помодрувањето) се засилува.
  • Третата фаза се карактеризира со низа грчеви. За време на нападот виталноста на детето е намалена. Кога на тоа ќе се надоврзе хипоксијата (недостиг од кислород), бебето или ќе подлегне или ќе се роди во тешка хипоксија.
 
Прочитано: 1733 пати
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
АХ, ТИЕ ПЕЛЕНИ
Датум: 05.06.2013

Автор: Биљана Илиќ

Летото е период кога многу родители планираат да ги одвикнат своите бебиња од пелени. Топло е, не се носи многу облека, детето може да оди низ дома само по боди и сеќе биде лесно...

Арно ама, ретко кога пресметките на родителите се с ...

 
 
 
 
© 2012 Мајка и дете
Сите права задржани

Содржините на порталот Мајка и дете се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.