Детско катче / ГАТАНКИ
Прашај педијатар
Прашај гинеколог
Клуб на мајки
 
 
Книга на месецот
Бебе на денот
Мојата приказна
Селебрити
Рецепти
Подаруваме здравје
Анкета
 
 
 
 
ГАТАНКИ
Објавено на: 22.03.2012

Ако сум мала, ама цело село го облекувам.
Што сум јас?
(Игла)

Бела рада по рид пасе.
(Магла)

Бел пес на ќерамиди лежи.
(Снег)

Да е човек, не е човек,
а со човек зборува.
(Книга)

Долга Неда, сенка нема.
(Пат)

Долг Тодор без коски.
(Чад)

Една тиква со седум дупки.
(Глава)

Жена не е и пак ткае,
жици фрла несукани
и со раце и со нозе.
(Пајак)

Заби нема и пак каса.
(Студ)

Ни предено ни ткаено и
пак е платно копринено.
(Пајакова мрежа)

Од едно огниште цел свет се грее.
(Сонце)

По поле оди и олеле вика.
(Ѕвонче)

Си имав една воденица
со триесет и два камења.
(Уста)

Си имав една невеста,
кој ја виде, ја бакна.
И јас ја видов и јас ја бакнав.
(Стомна)

Студена змија на гуша виси.
(Ѓердан)

Колку е повалкана
се повеќе е бела,
кога ќе ја избришеш,
во црно е цела.
(Училишна табла)

Тој е многу силен маж,
има раце здрави,
со вар и со тули –
тој куќи ни прави.
(Ѕидар)

На кутија личи,
а кутија не е,
своја уста нема,
со туѓите пее.
(Радио)

Крила има – птица не е,
како птица лета.
Дење, ноќе може мирно
низ облаци да шета.
(Авион)

Има долги уши,
грицка зелка, круши,
не е волк, ни пајак –
туку страшлив з…
(Зајак)

Тргнал Петко
на гости ќе оди
три дни оди
и куќа си води.
(Полжав)

(Извадок од книгата „Гатанки и прашанки“)

 
Прочитано: 14013 пати
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
АХ, ТИЕ ПЕЛЕНИ
Датум: 05.06.2013

Автор: Биљана Илиќ

Летото е период кога многу родители планираат да ги одвикнат своите бебиња од пелени. Топло е, не се носи многу облека, детето може да оди низ дома само по боди и сеќе биде лесно...

Арно ама, ретко кога пресметките на родителите се с ...

 
 
 
 
© 2012 Мајка и дете
Сите права задржани

Содржините на порталот Мајка и дете се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.