Совети од адвокатот: Да се тепаат или не? (3)

Во Откачениот прирачник за умни родители - Како најлесно да го упропастите своето дете, од Надежда Миленковиќ има многу работи кои ќе ве насмеат, ќе ве разонодат, ќе ве замислат...Ви пренесуваме некои од нив во неколку продолженија

0
570

Се разбира, дилемата од насловот е лажна. Децата треба да се тепаат, но само во краен случај и ако е тоа во самоодбрана. Но, за да нема забуна или злоупотреба на ќотекот како воспитен метод, прво ќе ги дефинираме поимите „краен случај“ и „самоодбрана“.

Правото на посилниот

Пред да почнеме да се знаимаваме со законодавната регулатива на ќотекот, неколку воведни напомени за пишаните и за непишаните зкаони.
Гледано историски, оправданоста на ќотекот првпат се јавува во обичајното право кое, особено во некои краишта, е поважно дури и од кривичниот зкаоник. На пример, ако го разгледаме обичајното право на Лек Дукаџини, ќе заклучиме дека повеќето непишани кодекси се задржале до денес и дека имаат дури поголемо значење од важечките зкаони.
Има повеќе примери за ваквото тврдење. Историјата ни нуди безброј докази дека од дамнешни времиња во традицијата на нашиот народ се користи правото на посилниот, односно, се повикува на него во сите ситуации кои не сењ предвидени со законот. Марко Крале ги изорал патиштата не за да засее нешто на нив, туку затоа што знаел дека е посилен од Турците, а освен тоа го нервирало да живее покрај пат по кој некој постојано поминува.
Во случај некој да ве пријави поради малтретирање на децата, ви предлагам да се повикате на непишаниот Родителски законик, кој се смета за правосилен, без оглед на тоа што е заснован на семејното, а не на кривичното право. Во случај да бараат да го објасните членот по чија основа го тепате детето, повикајте се на правото за „самоодбрана во краен случај“.

Право на самоодбрана

Правото на самоодбрана е познато во скеое законодавство, само што некаде различно се толкуваат условите под кои (правото) може да се применува. Да погледаме како изгледа тоа во Родителскиот зкаоник.
Член 13 од Родителскиот законик децидно наведува дека секој тродител има право на самоодбрана и тоа во следните случаи:
Ако му се заканува опасност да се соочи со сопствената грешка ;
Ако мора да го признае поразот, односно, да му признае на детето дека тоа, сепак, е во право;
Ако му се заканува опасност да сфати колку е послаб од сопственото дете
Ако му се заканува опасност да доживее пораз, кој ќе му го загрози авторитетот во сопствените или во туѓите очи (пред се, во детските!)
Член 13 од Родителскиот законик вели дека правото на самоизмама – пардон – самоодбрана, автоматски настапува во ситуации на краен случај.

Краен случај

Краен случај настапува тогаш кога се потрошени сите други аргументи за разумна разврска на конфликтот. Значи, сте ги исцрпеле сите логични причини поради кои се би морало да биде според вашата волја:
Додека си под мојот покрив, мораш да ме слушаш!
Како што велам, така и ќе биде!
Добро знаеш што им се случува на децата што не си ги слушаат родителите (ќе ги голтне мракот, ќе ги одведат во поправен дом, ќе станат самостојни уметници…)

loading...