Совети за самохрани родители

Одгледувањето деца не е лесно ниту едноставно, а двојно е потешко кога сте сами

0
402

Колку и да е тешко да се одгледува дете со партнер, двојно е потешко ако сте сами. Но и покрај тоа има голем број на родители кои успешно и со многу радост ги одгледуваат своите деца сами. Само затоа што сами ги одгледувате децата не значи дека нема да бидете успешни во одгледувањето. Еве неколку совети што ќе ви помогнат полесно да ги совладате сите родителски обврски.

Погрижете се за себе – иако одењето на луксузна масажа може да биде многу привлечно, грижата за себе во првите денови од самохраното родителство може да се сведе на основните потреби кои треба да ги задоволите. Понекогаш ќе се случи да не стасате да направите ниту основни работи за себе, но со време ќе фатите темпо и се ќе биде полесно.

Обединете ги силите – ако сте самохрана мајка или татко во паркчето полно со родителски двојки, може во вас да се разбуди чувство на тага, осаменост и беспомошност, но знајте дека не сте сами. Решениењто на овој проблем е лесно, едноставно, најдете други самохрани родители кои се во истата положба. Ова ќе ви помогне полесно да ги пребродите тешкотиите и ќе ви биде полесно ако знаете дека не сте сами.

Изградете заедница – силна заедница може да пружи емоципнална помош и чувство дека припаѓате некаде. Ова е еден од најдобрите лекови за самохраното родителство. Се што треба да направите е да се активирате во заедницата која сигурно ќе ви го пружи она што ви треба.

Прифатете ја секоја помош што ви се нуди– многу е важно да разгварате за ова со вашите родители, , браќа, сестри, пријатели и други блиски луѓе. Познато е дека малите деца ги зближуваат луѓето, па дури и тогаш кога е тоа невозможно.

Обидете се да ја исфрлите од себе завидливоста кон двојките – за многу родители е ова болна точка, но важно е да го исфрлите тоа од себе. Иако се чини дека е се полесно со партнер, тоа е често само илузија. Понекогаш самохраното родителство има свои предности. Една од тие предности е што треба да се грижите за една личност помалку. Преголемата количина завидливост може од вас да ја исцрпи сета енергија, а тоа никако не може да биде добро ниту за вас, ниту за вашето дете.

Уживајте во времето поминато со вашето дете затоа што тоа е она што ќе ви даде сила да ја продолжите борбата со животните ситуации.

 

loading...