Спиењето на грб e опасно во последното тримесечје од бременоста

Трудниците кои спијат на грб во последното тримесечје од бременоста на тој начин четири пати го зголемуваат ризикот да родат мртво дете.

0
1819

Спиењето на грб во последното тримесечје од бременоста не е препорачливо, покажува новата студија спроведена од страна на Универзитетот Окланд, а ризикот особено се зголемува после 28.недела од бременоста.

Авторот на студијата Лесли Мековен рекла дека спиењето на колк би можело да го намали овој ризик за девет отсто.
„Кога лежите на грб во доцна бременост, тежината на утерусот ја притиска големата вена во абдоменот која се вика долна шуплива вена и така се запира протокот на крв до срцето како и количината на крв која стасува до матката“, истакнува Мековен.

Таа додава и дека спиењето на една страна и вртењето во сон им помага на трудниците да го намалат ризикот од раѓање на мртвороденче.
Иако е често мислењето дека е за трудниците подобро да спијат свртени на левата страна, се наведува дека нема разлика дали станува збор за лев или за десен колк.

[better-ads type='banner' banner='999' ]