Став што ја подели јавноста: Треба ли да им стануваме на децата во превозот?

Кога возрасни луѓе им отстапуваат место на деца во превозот, всушност им прават мечкина услуга, смета американската новинарка Стефани Фарингтон.

0
233

Текстот на новинарката Стефани Фарингтон, за тоа зошто не ѝ паѓа на памет да му го отстапи своето место во јавниот превоз на дете, крена голема врева на социјалните мрежи – едни се согласуваат со неа, а други ја осудуваат. Кога возрасни луѓе им отстапуваат место на деца во превозот, всушност им прават мечкина услуга, смета американската новинарка, а својот став го изнела во текстот објавен на страната „City lab“.

„Во текот на возењето со метро, нашето чувство за емпатија е во прв план. Заедно со него е и нашиот скапоцен став кон децата.

На пример, пред некој ден јас и мојата пријателка бевме во метро кога влезе семејство со синот, кој изгледаше како да има околу 6 години. Мајката цело време не гледаше и ги превртуваше очите затоа што не му станувме на нејзиното дете.

На крајот гласно рече: „Не се секирај сине, некој наскоро ќе излезе па ќе можеш да седнеш“. Молам? Навистина?! Детето изгледаше среќно и здраво – и повеќе од способно да стои на своите нозе. Кога конечно некој стана, жената побрза да го смести синот на празното седиште.

Како родител многу добро знам колку може да биде тешко родителството – особено во превозот среде гужва.

И вистина е дека нечиј здравствен проблем или неможноста да стои не мора да бидат видливи на прв поглед.

Но, генерално, сметам дека отстапувањето место на дете кое е здраво и доволно големо за да може самостојно да стои, испраќа многу лоша порака и дека претставува симптом на култура на воспитување на деца која од нив прави млитавци.

Додека во некои системи на превоз како што е случајот во Орегон, ги охрабруваат семејствата да ослободат простор за превоз со приоритет, затоа што е наменет за возење на луѓето со посебни потреби, во повеќето држави родителите се однесуваат кон децата како кон лица со посебни потреби.

Тоа неизговорено правило дека возрасните во автобус треба да им отстапат место на децата, прави да веруваме дека се нашите деца на некој начин ограничени.

А кога кон нив се однесуваме на тој начин, не само што им испраќаме порака дека немаме доволно доверба во нив – туку и не им даваме доволно простор да растат и да се развијат како личности“, пишува новинарката.

Психологот Џин Твенг, авторка на книгата „Генерација ЈАС“ се сложува дека владее тренд на одгледување на „бебешки“ деца.

„Порано беше нормално сеудмгодишник да оди на училиште сам, а денеска поради такво нешто во САД би можеле да имате проблем со социјалните работници“, објаснува таа.

„Одгледуваме генерација без чувство за независност и верба во себе“, заклучува Стефани, потсетувајќи се на своето растење покрај строгата мајка Гркинка, чии воспитни методи денеска би биле прогласени за контроверзни.

„Кога ќе паднев од велосипед и ќе го изгребеш коленото, веднаш би рекла: Престани да плачеш, жива си!.

Многу почесто велеше „не“ отколку „да“. Нејзиниот пристап не направи истрајни и самодисциплинирани.

Згора на тоа, од нас очекуваше спротивно од она што го очекуваат денешните родители – ние да им го отстапиме местото на возрасните“.

„Возењето во јавниот превоз е одлична можност детето да го научиме да се снајде во гужва.

Секако, дека не е секогаш пријатно да се држиш за метален држач додека е возилото во движење, но да се научиш да бидеш достоинствен кога не ти е удобно е важен чекор во формирањето на личноста.

Тоа се вика: да се застане на свои нозе“, завршува таа.

loading...