Стручњаците предупредуваат: Немојте да ја јадете плацентата!

Ким Кардашијан од плацентата на своите деца направи капсули кои редовно ги пие, но стручњаците предупредуваат на нејзината токсичност

0
1734

Медицинските стручњаци ги повикаа модерните мајки два пати да размислат ако веќе наумиле после породувањето да ја изедат постелката од своето бебе.

Тоа е еден од не толку раширените, но сепак постојни трендови помеѓу модерните мајки кои веруваат дека со консумација на постелката ќе ја спречат појавата на постпородилна депресија.

И дека побрзо ќе се опорават од породувањето.
Знаеме дека тоа го проба Ким Кардашијан (Реалити ѕвездата сподели фотографија од пилули кои се специјално направени од нејзината плацента) и многу други славни и обични мајки, а иако досега не постоел вистински научен доказ дека тие верувања се точни, не постоел ниту доказ дека е јадењето ризично.

Се до сега, кога науката дошла до поконкретен заклучок. Сега се тврди дека тој процес може да претставува ризик и за мајките и за бебињата.

Истражувањето објавено во American Journal of Obstetrics and Gynecology, исто така покаал дека не постојат научни основи за оние позитиввни страни, а се е направено за да се добијат поконкретни докази, затоа што се зголемил бројот на жени кои ја изеле.

Истражувањето го спровел тим на Медицинскиот универзитет во Виена, во соработка со Weill Cornell Medical College, а откритијата се разочарувачки.

„Откривме дека нема никакви научни докази за клиничката добробит на плацентофагијата меѓу луѓето, а иако се задржани хранливите состојки и хормоните во доволна количина, покрај нив, постелката е богата и со токсини и тешки метали кои ги апсорбирала во текот на бременоста и така го штитела плодот. Такашто, постелката е можеби хранлива, но притоа е и доста оштетена со токсини кои би можеле да создадат здравствени компликации на мајката кога ќе ја изеде, но и на бебето кое потоа ќе го цица мајчиното млеко“.

„Медицински гледано, постелката е отпаден производ“, објаснил Алекс Фар, главен автор на ова истражување.

Тоа ќе ги разочара мајките кои полуделе по овој тренд и кои дури и осмислиле рецепти за смути од постелки, а од нив се прават и капсули.

Дали сте помислиле некогаш да си направите смути или капсули од постелката на вашето бебе?

loading...