Татковците стануваат поодговорни родители од мајките

Кристијан Павловски, психолог кој 3 месеци работи на СОС телефонот на „Меѓаши“ вели дека е фрапиран од сознанието дека има се поголем број мајки кои не одат на закажаните средби со децата кои им се доделени на татковците или пак децата не сакаат да се сретнат со нив.

0
742

Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење и важност, бидејќи тие претставуваат значаен механизам на поврзување со децата што овозможува гласот на секое момче и девојче да биде слушнато. Нивната мисија е да одговорат на детските потреби за грижа и заштита. Оваа услуга ја овозможуваат многу млади луѓе, студенти и професионалци – психолози, социјални работници, правници и слично и први се соочуваат со апелот за помош.
Кристијан Павловски е психолог и практикант на СОС телефонот за деца и млади на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Тој е фрапиран од тоа што, според неговото досегашно тримесечно искуство има навистина голем број јавувања врзани со случаи на деца чии права не се почитуваат во текот на бракоразводната постапка, но она што особено го изненадило е податокот дека најчесто мајките се тие што не сакаат да остварат контакт со децата.

„Јас сум навистина фрапиран од тоа како некои работи се менуваат па додека порано мајката беше родителот кој се грижи за децата, сега се соочувам со се повеќе случаи кадешто старателството му е доделено на таткото, а мајката не доаѓа на закажните средби или пак децата не сакаат да ја видат. Се уште сум нов тука, но за мене е тоа една сосема нова и неочекувана ситуација“.

Неговиот прв случај со кој подолгорочно се занимаваат во „Меѓаши“ е најновиот пријавен случај на нивниот СОС телефон, кадешто детето е однесено во соседна држава без знаење и одобрение од таткото.

„Родителот, кој е македонски државјанин, не знае каде е неговото дете, претпоставува дека е однесено во соседна држава кадешто се сомнева дека ќе има добри услови за живот, но не знае каде е, а и ние од Меѓаши, иако сме во контакт со партнерски организации од таа земја, се уште не успеваме да го лоцираме детето“, раскажува Кристијан.

loading...