И татковците страдаат од постпородилна депресија

Не се само мајките подложни на постпородилна депресија. Од неа страдаат и татковците.

0
261

Тврдењето дека мајките не се единствените кои страдаат од постпородилна депресија неодамна го докажале стручњаците од универзитетската клиника од Франкфурт кои за потребите на истражувањето собрале 300 двојки и со нивна помош дошле до одговори.

Анализата на податоци покажала дека од тие 300 двојки со деца, дури 15 отсто мајки имале некои симптоми на постпородилна депресија, а изненадувачки е податокот дека од неа страдале и мажите. Дури 5 отсто пријавиле некаков облик на депресија по раѓањето на детето.

Од симптомите кои ги навеле, мажите со доаѓањето на бебето забележале засилена потиштеност, недостаток на енергија, низ главата им се роеле негативни мисли, ги обземало чувство на немоќ кога не можеле брзо да го смират бебето, а некои мажи признале дека не можеле да се помират со фактот дека дома стасало бебе и не знаеле како да воспостават подобар однос со него.

Споменатите стручњаци ги упатуваат татковците, како и мајките, доколку се чувствуваат така, да побараат помош за да се ослободат од депресијата бидејќи во спротивно, од неа би можеле да почнат да страдаат и бебињата.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here