Татковците во Шведска сѐ почесто одат на породилно отсуство

Татковците во Шведска го користат родителското отсуство кое им е дозволено со закон повеќе од било кога претходно во историјата на оваа скандинавска земја.

0
269

Како што пишува Анадолија, Агенцијата за социјално осигурување на Шведска соопштила дека во земјата во текот на претходните десет години константно растел бројот на мажи кои користеле породилно боледување, односно, родителско отсуство.

Се наведува дека денеска татковците користат речиси 30 отсто од отсуството кое им е со закон овозможено на родителите во таа земја.

Според статистичките податоци, татковците користат 27, 6, а мајките преостанатите 72,4 отсто од отсуството, додека пред 10 години татковците користеле 20,9, а мајките 79,1 отсто од отсуството.

Шведските двојки добиваат 480 дена породилно отсуство, со 80 отсто од платата. Инаку, од родителите во Шведска се очекува да го расподелат породилното отсуство во најголема можна мерка, додека секој од родителите мора да искористи најмалку 90 дена од тоа боледување.

Шведска беше прва држава во светот која го замени породилното боледување со родителско отсуство.

loading...