Тестот со зрно грозје открива колку е интелигентно вашето дете

Пред деца на возраст од 20 месеци истражувачите ставиле зрно покриено со пластична чаша. Им рекле да почекаат 60 секунди пред да смеат да го изедат.

0
653

Ве интересира дали вашето дете ќе биде добар ученик и колку ќе биде интелигентно кога ќе наполни 8 години: На ова прашање можете да си одговорите со едноставна игра со обично зрно грозје!

Новото истражување објавено во Journal of Pediatrics открило дека тестот со грозје може да предвиди дали детето ќе биде добро во училиште и каква концентрација ќе има кога ќе учи.

Универзитетот во Варвик ги тестирал децата на возраст од околу 20 месеци такашто пред нив истражувачите ставиле зрно грозје покриено со пластична чаша. Им рекле да почекаат 60 секунди пред да смеат да го допрат и да го изедат.

Резултатите покажале дека децата кои послушале и почекале пред да го изедат грозјето, подоцна биле подобри во училиште од оние деца кои веднаш посегнале по грозјето под чашата. Исто така, откриле дека кај предвреме родените деца шансата да го земат грозјето пред да истече дозволеното време, била поголема.

Истите деца биле испитувани кога наполниле 8 години, а морале да исполнат 3 различни теста. Кај децата кои успеале да одолеат и да не го изедат грозјето во зададените 60 секунди, откриено е дека на возраст од 8 години имале за 7 бодоби повисок квоциент на интелигенција отколку децата кои побрзале да го изедат грозјето.

Истражувачите заклучиле дека колку полош резултат имале децата во тестот со грозјето, тоа биле поголеми шансите да имаат послаба концентрација и послаби резултати на возраст од 8 години.

„Играта со грозјето е лесен и делотворен алат кој добро ја проценува самоконтролата кај малите деца, а потребни се само 5 минути, и може да се користи во клиничката пракса за да се открие кај детето ризикот за проблеми со вниманието и учењето“, рекол професор Дитер Волке, раководител на истражувањето, а додава дека ова истражување ја покажува и важноста од рано откривање на можните проблеми.

Имено, колку порано се открие проблем во развојот, на детето ќе може да му се пружи помош.

Овој тест е сличен на познатиот тест со колачето од доцните 60-ти и раните 70-ти кој го измислил др.Валтер Мишел, а го проучувал нивото на самоконтрола кај децата.

loading...