Трансродов маж во Америка роди дете

Кон средината на јули во Портланд, трансроден маж го донесе на свет своето прво биолошко дете.

0
282

Откако минатата година имал спонтан абортус, Тристан Рис и неговиот сопруг, Биф Чаплов, сега се горди родители на мало момче, кое го нарекоа Лео Мареј.

Родено на 14 јули, слаткото мало момче е центар на светот на неговите татковци, и е нивно прво биолошко дете (Тристан и Биф веќе се родители на две посвоени деца, едно момче и девојче).

Тристан се родил како жена, и покрај започнувањето со хормонска терапија пред 10 години, 34-годишниот Тристан престанал да зема хормони и можел да забремени природно.

„Моментот кога се роди беше чист момент на блаженство, најсреќниот момент од мојот живот“, изјавил Биф за Fox19, според Дејли Мејл.

„Никогаш не сум сонувал да имам, или сум сакал да имам, биолошко дете. Прво, не мислев дека тоа ќе биде можно, а второ, ми требаше многу време за да бидам доволно силен во мојот идентитет како маж за да можам да го сторам тоа“, објаснил Тристан за Buzzfeed.

loading...