Третина од децата страдаат од болки поврзани со растот

Родителите се често збунети со таквите болки па добро е да се знае ова

0
233

Ако детето се жали на грчеви, болки во мускулите на рацете и на нозете во текот на ноќта, веројатно страда од болки поврзани со растот, велат стручњаците кои истакнуваат дека од тој проблем страдаат до третина деца од предучилишна и од основно училишна возраст.

Болки нема во текот на телесните активности туку за време на одмор, најчесто ноќе.
Најчесто ги погодува потколениците, колената и бедрата, а зглобовите не се зафатени. Наутро болката исчезнува и детето може нормално да стане и да оди. Стручњаците не се сигурни што ги предизвикува болките поврзани со растењето. Една теорија вели дека растењето предизвикува напнатост на густиот слој на ткивото што ги обвиткува коските. Друга можност е дека доаѓа од заморот на коските заради растењето.

loading...