ТРУДНИЦА – ВЕГЕТАРИЈАНКА

0
391

Многу жени консумираат храна што не содржи месо или риба од различни причини. Тие може да се трудат да го намалат количеството холестерол во организмот или се противници на убивањето животни за храна. Или можеби тие само откриле дека се чувствуваат подобро кога не јадат месо.
Сега, кога сте бремена, можеби се прашувате дали е во ред тоа што сте (или сакате да станете) вегетаријанка или ако сакате само да го ограничите консумирањето месо. Одговорот уверливо е “да”. Може да бидете вегетаријанка додека сте бремена, а, сепак, да внесувате доволно протеини, витамини, минерали и други хранливи состојки што ви се потребни. Исто така, вегетаријанството не значи дека вашата исхрана ќе биде претерано сложена. Само погрижете се да имате разновидна исхрана, односно доволно овошје, зеленчук, мешункасти растенија и јаткасти плодови. Нашиот петдневен план ќе ви помогне да го сторите токму тоа.

ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ, ПРЕД СЕ

Растителната храна зазема централна позиција во овој план за исхрана, таа е свежа и здрава и обезбедува доволно количества минерали и витамини што се потребни за правилен развој на бебето во вашиот стомак. Вклучени се и млечните производи, кои помагаат да го зголемите внесувањето протеини, калциум и витамин Д. Млечните производи, меѓу другото, имаат и витамин Б12, кој се добива само од храна од животинско потекло. За поголема сигурност, треба и да земате дополнителни преднатални витамини што содржат сто проценти Б12 и железо, кои ви се неопходни.
Многу од рецептите што овде се вклучени потекнуваат од традиционалната кујна во која рибата, пилешкото и другото месо имаат секундарна улога. На пример, земете ја како пример чорбата од компири и домати со зелје. Белата риба со цврсто месо обично е дел од тоа јадење, но дури и без неа, чорбата е хранлива и полна со протеини, фолна киселина, железо и растителни влакна. Зелјето обезбедува доволно количество витамин А и железо.
Десертите што се базираат на овошје, исто така, може да се одличен извор на хранливи материи. Печената рабарбара со шумско овошје и засладен ѓумбир е неверојатно богата со калциум, а додадените бобинки обезбедуваат дополнителни количества витамин Ц.
Следете ги овие совети за правилна исхрана во текот на бременоста и ќе бидете сигурни дека и вие и вашето бебе добивате се што ви треба. Жените со нормална тежина во текот на бременоста треба да добијат од 11 до 15 килограми (од 6 до 11 килограми ако имате преголема телесна тежина, од 15 до 20 килограми ако сте со помала тежина). Исто така, во вашата исхрана треба да додадете уште околу 300 калории дневно во текот на второто и третото тримесечје од бременоста.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ

За да го намалите ризикот од заболување од Листерова бактерија, избегнувајте млади или термички непреработени сирења и кашкавали. Никогаш не консумирајте свежи или недоварени производи од животинско потекло, како месо, риба, морска храна или јајца. Избегнувајте риба која содржи многу жива (сабјарка, ајкула), а школките и рибата од конзерва консумирајте ги најмногу еднаш неделно. Избегнувајте алкохол, тутун и лекови што не ви ги одобрил вашиот доктор.

loading...