Вака изгледа дете парализирано од угриз на крлеж (ВИДЕО)

Ова е период кога треба да се биде многу внимателен. За домашните миленици постојат ампули кои ги штитат од крлежи, но треба да внимаваме на децата.

0
1309

Угризот од крлеж може да предизвика секакви нуспојави и дијагнози, а најчестите и најопасните се Менингоенцефалитис и Лајмска борелиоза.
Симптомите на Менингоенцефалитис се многу слични на грипот и токму затоа треба да се обрне посебно внимание ако дојде до покачена температура, главоболка, повраќање, болки во мускулите или некој друг симптом сличен на грип, а детето си играло во природа во ова особено чувствително пролетно време.

Родителите на малата Евелин објавиле на Фејсбук видео и фотографии за да покажат како изгледа кога детето ќе го гризне крлеж и ќе предизвика парализа.

„Забележавме дека нешто чудно ѝ се случува на Евелин пред некоја вечер – не сакаше сама да стои на нозе, па ѝ помогнав со туширањето и ја однесов во кревет на облекување. Не се сомневавме во ништо, само помисливме дека е уморна и дека не сака да стои. Но како поминуваше вечерта, таа стануваше се потивка, позбунета и на крајот заврши со нас во кревет. Иако се уште не се сомневав дека е нешто страшно, веќе по малку се загрижив“, напишала нејзината мајка Аманда Луис.

Веќе утредента ситуацијата била уште полоша и девојчето не можело ни да стане ни да оди, а не ја слушале ниту рацете. Тогаш родителите сфатиле дека се случува нешто лошо, но успеале да ја снимат пред да ја однесат на лекар.

За среќа, лекарот веќе после неколку реченици точно знаел за што станува збор. Ги прашал дали биле некаде надвор, во природа овие денови и дали можеби ја гризнал крлеж. Веднаш почнал да ја пребарува и навистина и го нашол во нејзината бујна коса.
„Во изминатите 15-тина години работење со деца видел веќе 7-8 вакви случаи, и ако не било така веројатно ќе не праќаше на безброј прегледи, мислејќи дека станува збор за некоја невролошка проблематика, што делумно и навстина е случај, но притоа би изгубиле многу време, а нејзините симптоми би се влошувале. Вака веднап ја откриле причината и практично, за 24 часа по доаѓањето кај лекарот, девојчето си дојде на себе, без поголеми последици“, раскажува мајката.

Овој пост го објавиле како предупредување за другите родители со оглед на тоа што е пролет и врие од крлежи. Тие порачуваат: Ако забележите било кој од наведените симптоми, прегледајте го вашето дете од главата до петиците, со особено внимание на скришните места, прегибите и косата.

https://www.facebook.com/amanda.lewis.12764/videos/10213065382413051/

loading...