Вакцинација на децата: да или не?

Веќе долго време се водат полемики околу тоа дали се вакцините навистина корисни или се само измама на големите фармацевтски куќи. Која е вистината?

0
448

Според некои сознанија првата вакцина ја осмислил Едвард Џенер, физичар од Англија во далечната 1796.година. Џенер тогаш ја измислил вакцината против малите сипаници која целосно ќе го смени текот и развојот на оваа тогаш смртоносна болест.

Од тоа време многу физичари и научници развиле различни видови вакцини. Вакцинацијата денеска има многу приврзаници и противници што на родителите многу им ја отежнува одлуката дали да ги вакцинираат своите деца или не.

Превентива

Според многу извори и научници со употребата на вакцините можат да се спречат многу опасни болести од кои детето би можело да заболи во првите години од животот. Според одделни  статистики вакцинацијата спречува дури 33.000 смртни случаи годишно само во САД. Од Медицинското училиште на Харвард тврдат дека вакцинацијата ја намалила стапката на смртност на децата во целиот свет, а некои болести, како што се големите сипаници,  речиси исчезнале.

Зачувување на детското здравје

Благодарение на вакцинацијата многу болести кои некогаш биле честа појава денеска можат да се спречат, а здружението на педијатри објавило дека детските вакцини спречиле 10, 5 милиони случаи на инфективни болести. Вакцинацијата во раната возраст може да ги заштити децата тогаш кога се најранливи и најподложни на болести.

Несакани ефекти

Иако се вакцините направени за да им помагаат на децата, токму како и кај употребата на секој друг лек може да дојде до несакани последици.

Секој лек и секоја вакцина имаат свои добри страни, но имаат и несакани ефекти, Секој од нас има различни гени кои можат да бидат добро приемчиви за одреден лек или вакцина и тие да го дадат својот позитивен ефект, додека кај други луѓе може да даде и анафилактичка реакција, па дури и да доведе до смрт.

Сѐ повеќе родители одбиваат да ги вакцинираат децата

Во последно време има сѐ повеќе родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца затоа што мислат дека тие им штетат. Овој тренд на запад е популарен веќе подолго време. Контроверзите околу вакцинацијата станаа позачестени со појавата на свинскиот грип кога на луѓето е вршен речиси медиумски притисок да се вакцинираат па почнале сомнежите околу делотворноста не само на таа, туку и на сите останати вакцини.

Од 1998 година се води оваа полемика дали вакцините (особено МПР вакцината) навистина предизвикуваат аутизам или тоа не е случај. Докторите поддржани од фармацевтската индустрија која гледа исклучиво од страната на профитот целосно ја отфрлија оваа хипотеза уште на самиот старт, дури и без да прават посериозни анализи. Тие сметаат дека сите деца треба да бидат целосно вакцинирани.

Но, од друга страна има голем број родители кои даваат евидентни докази дека по примањето на вакцината најчесто МПР по навршени 13 месеци од животот, нивното дете заостанало во развојот.

Вакцините – меч со две острици

Во секој случај, ако родителите одлучат да не го вакцинираат своето дете, тие мораат да бидат свесни за сите ризици и за последиците кои таа одлука може да ги предизвика во нивната средина. Вакцините некогаш знаат да бидат меч со две острици, но она поради што најчесто родителите одбиваат да ги вакцинираат своите деца е тоа што ја поврзуваат вакцинацијата со појавата на аутизам.

Според повеќето педијатри, се уште не постојат медицински докази дека аутизмот е поврзан со MRP вакцината која најчесто ја доведуваат во врска со аутизмот.

Имено, МРП вакцината е воведена во 1982 година, а аутизмот е зголемен последниве неколку години. Оттука, се поставува прашањето, зошто зголемувањето не е забележано во првите години по нејзиното воведување?

Освен тоа, докажано е и дека аутизмот е генетско заболување, но сѐ уште не се знае што е она што може да го поттикне. Тоа е состојба иницирана од низа фактори, па  постои можност вакцината да биде еден вид тригер. Сепак, според експертите, доколку истата се дава по препорака на лекар, по претходно направени анализи и преглед кај детето, ризикот за тоа речиси и да не постои.

Како и да е, сите овие информации само ги зголемуваат и дилемите, но и револтот кај родителите, и тоа и кај оние кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца, и кај оние кои ги вакцинираат.

За разлика од првите кои сметаат дека имаат право сами да решаваат за вакцинирањето на своите деца, вторите кои ги вакцинираат децата, се револтирани затоа што вакцинирањето на едно дете може не само да му наштети на тоа дете туку и на децата кои се околку него.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here