ВАШАТА МАЈКА Е ВАША НАЈДОБРА ПРИЈАТЕЛКА

0
1026

Од денот кога сте се родиле па до ден-денес, секогаш постоела една личност која постојано инвестирала во вашата среќа: вашата мајка!

Како дете никогаш не сте се подмрднувале од неа, што значи дека вашата мајка ви била првата најдобра другарка. Ве забавувала уште како бебе и си играла со вас, секој ден доаѓала по вас во училиште за да биде првата личност која ќе ги слушне сите новости од вашиот живот, па дури и сега се уште сака да ги знае сите детали.

Дали има подобар пријател од тоа?

1. Ги дава најдобрите совети

Од стандардните работи како: Биди добар кон браќата и сестрите“ и „Јади овошје“ има многу повеќе воп мајчините совети од тоа. „Секое тенџере има свој капак“ и „Своите битки бирај ги внимателно“, мајката секогаш има нешто мудро да сподели со вас од нејзиното огромно животно искуство.

2. Понекогаш си ги „крадете“ работите од орманот една на друга

Во орманот на вашата мајка вие не сте туѓинец и таа секогаша морала да ве „брка“ подалеку од нејзиниот гардеробер. И иако таа вели дека вашите модни избори се под знак прашање, сте ја фатиле неколку пати како ги испробува вашите фустани.
3. Таа ви ги знае сите симпатии

Уште од најмала возраст знаеше пред кое другарче од градинка поцрвенувате или поради кого не можевте да учите во училиште, на кого му пишувавте тајни пораки или со кого разговарате сега до долго во ноќта.

4. Таа знае апсолутно сè за вас

Нема нешто што може да скриете од неа колку и да се трудите. Може и таа да не ви признае дека знае како се чувствувате, но доволно е само да ве погледне и да знае дали ви сјаат очите од среќа или сте загрижени и гледате изгубено во една точка.

5. Таа е вашата најголема поддршка

Во кој било момент кога ќе се почувствувате слаби, доволно е само да o7; се јавите и таа знае точно што треба да направи или да каже за да се почувствувате како највредната и најзначајната личност на светот.
6. Таа е ваша најголема заштита

Никогаш не дозволува да бидете повредени и подготвена е да оди против сите за да ве заштити. Таа никогаш нема да ве напушти или да ве остави сами во битките. Дури и кога така ви се чини, таа само е скриена во вашата сенка и подготвена е да нападне во секој момент ако има потреба.

7. Може секогаш да се исплачете пред неа

Без разлика каква мака имате таа е секогаш тука да ве сослуша. Пред неа може да се исплачете без срам. Таа секогаш ќе ве пречека со топла прегратка и добар збор за утеха.

8. Можете со часови да разговарате за сè и сешто

Уживате во долгите утрински разговори за време на викендите со вкусниот појадок и кафе кои ве пречекуваат на маса. Темите за разговор се редат една по една и секогаш дознавате нешто ново или слушате повторно некој стар добар совет и сфаќате колку сте среќни што ја имате.

9. Знае да биде и откачена

Таа знае и да ве забавува, да се шегува и да озборува со вас. Знае и да откачи и супер да се забавува, да се навраќа на младите години и да посакате да го имате нејзиниот дух кога ќе остарите.

10. Таа готви најдобро

Нема ништо повкусно од кујната ан мама. Едноставно е. Ниеден ресторан нема да го замени нејзиниот ручек подготвен со толку многу љубов и одбрани состојки. Никој не знае точно да ви го направи омилениот специјалитет како неа. Незаменлива е.

11. Таа е подготвена да плати колку треба ако некој пар чевли ве направат посреќни

Иако некогаш знае дека претерувате таа би направила сè за вашата насмевка. Уште ако вашето расположение после отказот од работа може да се поправи со тој пар чевли, таа би дала и цело богатство.

12. Таа стои зад секој ваш успех

Сигурно се сеќавате на цртежот за кои добивте награда на ликовниот натпревар, а сè што правевте вие е мокрењето на четкичката во вода и боја, додека таа црташе и боеше. Песничката која ја читавте на натпреварот во второ одделение знаете дека немаше да звучи толку логично, ако таа не ви ја составеше правилно римата.

13. Таа е ваш водич

Во секој момент кога не знаете како да постапите, ниту имате кого да прашате, само таа може да ви каже колку постапувате правилно или грешно водејќи се единствено од нејзиниот мајчински инстинкт.

14. Можеби не сакате да признаете, но сè повеќе наликувате на неа

Колку пати досега сте се фатиле во момент кога правите нешто исто како вашата мајка. Дури и за работи кои мислевте дека не е во право, забележувате дека по некое време почнувате исто да размислувате и да ја разбирате.

15. Таа секогаш ќе ве потсетува колку сте убави и посебни

Во кој било момент кога почнувате да губите самодоверба или мислите дека за ништо не ве бива, таа секогаш може да најде десетици нешта поради кои ќе се почувствувате како најубави и највредни.

16. Сигурни сте дека и ако сите други ве напуштат, таа ќе биде тука

Со најдобрата другарка може да се скарате, со момчето може да раскинете, може сите да ви бидат лути и да не сакаат да ве видат, но вашата мајка никогаш нема да ве мрази или заборави.

17. Никогаш нема да бидете доволно стари за да не ви треба мајка

Колку години и да имате, никогаш нема да бидете доволно возрасни за да не посакате да ја слушнете вашата мајка на телефон или да ја прашате за некој рецепт, домашен трик или совет во некоја ситуација. 

 

loading...